Press "Enter" to skip to content

Обвинителството уште не знае дали ќе има обвинение за Стевчо Јакимовски

Една година траат обидите да се истражува работата на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Неговата работа во општината беше таргет на критичните медиуми и на истражувачките новинари кои пишуваа за незаконските процедури во кои што се оттуѓуваше државен имот и земјиште во општината. Во март годинава судијата не одобри притвор во Шутка за Јакимовски, за по шест месеци на барање на обвинителството Јакимовски да се ослободи од куќен притвор и да му се доделат мерки на претпазливост.

Дали ќе има обвиниение за Стевчо Јакимовски ќе се знае дури за 15 дена откако ќе истече рокот во којшто “одбраната треба да изврши увид во доказниот материјал и да предложи докази”, велат од Службата за односи со јавност во Основното јавно обвинителствo.

ИРЛ се обрати до Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција откако одекна веста дека поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска е ослободен од куќен притвор на предлог на надлежен обвинител. Прашавме дали има обвиние за Јакимовски и кој е надлежниот обвинител. Името на обвинителот го премолчеа, но на второто прашање одговорија. Според Обвинителството, истекол законскиот рок за држење на осомничен во притвор, а тоа е во времетраењето на истражната постапка која не може да биде подолга од шест месеци.

„Во предметот за кој покажувате интерес се сослушани сведоци и сите осомничени, прибрани се материјални и вербални докази и истрагата е завршена. Во моментот тече рокот од 15 дена во кој одбраната на осомничените треба да изврши увид во доказниот материјал и да предложи докази. По истекот на законски утврдениот рок од страна на јавен обвинител ќе биде донесена мериторна јавнообвинителска одлука. Согласно закон мерката притвор за време на истражната постапка може да трае најмногу шест месеци, поради изминување на овој временски период, надлежниот обвинител побара од судот мерката притвор да биде заменета со други мерки за обезбедување“, се вели во одговорот на Обвинителстото.

Кривичниот Суд му одреди куќен притвор на Јакимовски на 20 март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата „Илинденска”.

За време на неговото апсење надлежниот обвинител побарал притвор, но судијата го одбил овој предлог бидејќи Јакимовски наводно не бил здравствено во кондиција да оди во истражен затвор. Истрагата за Јакимовски и неговата работа со општината започнува уште во 2018 година со истрага која ја покренува Финансиската полиција кога Јакимовски е и прв пат доведен на распит. Се шпекулираше дека станува збор за голем случај на корупција во којшто се вмешани бизнсимени и политичари.

На следниот линк прочијате детали за причините поради кои што беше приведен Јакимовски.

Се бара притвор за Стевчо Јакимовски поради продажбата на земјиштето кај „Имес“

Застаруваат предметите на СЈО, Никола Груевски на чекор да се спаси за кинеските провизии во „Траекторија“

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »