Приватизациијата и продажбата на земјиштетот кај поранешниот ресторан „Имес“ во општината Карпош е предмет на истрагата поради која утрово беше приведен поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
„За него и двајца вработени во општината се бара притвор, додека шестмина инвеститори се повикани на разговор“, потвди за ИРЛ Македонија обвинителката Вилма Рускоска.
Ова не е прво апсење на Јакимовски. Минатото лето во август тој беше приведен по што му беа изречени мерки на претпазливост. Во таа истрага се сомничеше за злоупотреба на службената положба, а штетите по буџетот, според обвинителството, изнесуваа околу 560 илјади евра. Неколку дена по оваа пријава, Финансиската полиција поднесе нова кривична пријава која вклучи и две градежни фирми за бесправно градење.
Според извори на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија во финансиската полиција кои биле директно вклучени во истрагата, Финансиската полиција ја истражувале промените во деталните урбанистички планови со цел да докажат перење пари и корупција. Под истрага биле дузина компании кои важат за угледни.