Press "Enter" to skip to content

Кој и зошто сака да го закопа “Талир”

Во Македонија нема случаи на висока корупција и многу уапсени функционери. Политичарите постојано ги обвинуваат противниците дека се корумпирани. Но, за една работа сите се сложни – кога станува збор за финансиското работење на партиите секоја од нив дава отпор да ги отвори своите трошења и работа транспарентно за граѓаните. Така беше со до “Талир” на СЈО. Но, и овој случај е на прагот да влезе во бесконечната листа на афери чија што употребна вредност е само во политички црни кампањи.

Овој случај не можеше да мрдне од место дури и кога постоењето на СЈО не беше доведувано во прашање, ниту институцијата ја прогонуваа скандали. Ова е првиот случај на истражување на висока корупција во делот на финансирање на политичките партии, не само во Македонија, туку и во соседството. Рочиштата за “Талир” или мега истрагата на обвинителката Ленче Ристоска никако не почнуваа – имаше дури девет одложувања по барање на одбраната бидејќи некој од обвинетите постојано беше отсутен. Виси и самиот случај поради правни дилеми кои сега се дорешаваат и менуваат на лидерски средби.

Според Законот со којшто се формираше Специјалното јавно обвинителство, тие имаа право да ги истражуваат само наодите за криминал од прислушуваните разговори и само во одреден временски период. Можеа да поднесуваат обвиненија за истрагите до 30 јуни 2017 година. Ова обвиние беше поднесено по истекот на овој рок. Но, според друг член од Законот за СЈО, доколку обвиненија се подигнати по рокот, тие потоа ќе бидат предадени во Основното јавно обвинителство.

Мапа на имотот на ВМРО ДПМНЕ кој што беше под истрага во “Талир”. Со црвена боја е означен замрзнатиот имот, со сина оној чие што потекло обвинителството не го доведува во прашање во истрагите Со клик на секој од имотите прочитајте и каде се наоѓа имотот и за каков имот се работи. Подготвил: Давид Илиески

СЈО обвинува шест физички и едно правно лице, ВМРО-ДПМНЕ, за незаконско финансирање на партијата. Никола Груевски кој што е избеган и доби азил во Унгарија се товари за Злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари. За истите дела, се товарат и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се во куќен притвор. Илија Димовски и Леко Ристоски се товарат за перење пари. Елизабета Чингаровска петтата обвинета, веќе призна вина. Според обвинението, групата испрала околу 5 милиони евра.

Во моментов, освен што е неизвесна судбината на многу случаи на СЈО, се чини дека најжешко на лидерските преговори е за случајот “Талир” за којшто опозицијата не сака ниту да чуе. Преку нивните предлози за измени во Законот за јавно обвинтелство се остава можност  за застарување на овие дела низ долгите “ново на ново” процедури кои би почнале ако други обвинители ги преземаат предметите.

Што знаеме за Талир

Архивско видео на случајот “Талир” е се што е поврзано со истрагата и имотот на партијата. Автор: Маја Јовановска. Целата приказна прочитајте на линкот подолу.

Талир: Под мраз имот во вредност од 17 милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »