Press "Enter" to skip to content

Груевски и Орбан: Што ги (об)врзува старите пријатели

Никола Груевски за македонските власти е бегалец, за унгарските, пак, азилант. Последните снимки кои што ги објави унгарскиот портал „444“ фрлија ново светло врз озогласениот македонски политичар кој во последно време ќе почне да делува патетично и обезмоќено со своите чести и долги пишувања на социјалните мрежи.

Новинари на порталот „444“ минатата недела сосема случајно го забележуваат Груевски во зградата во којашто е и седиштето на нивната редакција, откако унгарските власти веројатно поради невнимание на безбедносните служби одат на договорен состанок во стан во истата зграда. „444’“ успеваат да го снимат Груевски и гостите, па дури прават и обид да поразговараат со Груевски. На прашањата што прави тука, тој не одговара и со лице за кое се претпоставува дека е негов телохранител, ита кон блиндираниот автомобил во кој што го чува шофер.

Контроверзиите се засилуваат откако властите во Унгарија потврдија дека Никола Груевски навистина имал средба со потсекретарот на унгарското МНР, Иштван Јо. Тие тврдат дека не било необично да има вакви средби. Унгарските медиуми објавија дека претходната ноќ тој бил на бизнис забава. Блиндираното возило во кое се превозувал, „444“ посочија дека е со ознака за сателитски следено возило.  Се отворија прашања за тоа во какви ангажмани би можел да биде екс политичарот. На социјалните мрежи граѓаните веќе споделуваат теории – можеби е шпион, можеби започнал свој бизнис. И големото прашање – дали Виктор Орбан е случаен или намерен пријател што истрчува на помош и го прима Груевски којшто бега од Македонија во околности кои што остануваат нерасчистени.

Нивните релации секогаш биле врзани од одреден интерес. Во продолжение прочитајте ја неодамна објавената анализа на Истражувачката репортерска лабораторија – Македонија на односите помеѓу двајцата автократи.

Што имаат заедничко Виктор Орбан и Никола Груевски? Што е она што толку го задолжи унгарскиот премиер за тој да му пружи засолниште на озлогласениот балкански автократ? Врските меѓу Груевски и самопрогласениот заштитник на христијанството во Европа одат многу подлабоко од последната владејачка декада на актуелниот македонски бегалец од правдата. Кликнете на фотографијата и читајте. 

Виктор и Никола: Историја на една долга врска од интерес

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »