Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Министерот Заев: Сите мрчатори што кубат коси за повратот на ДДВ, да престанат

Од сите имиња опфатени со владината реконструкција, најголемо внимание предизвика она на ново предложениот министер за финансии – Зоран Заев, кој треба да биде одобрен од Собранието. Премиерот Зоран Заев од денешниот настан во Валандово најави дека на местото на Драган Тевдовски ќе дојде самиот тој. Ќе извршува две функции, смета дека е способен да стаса да биде и премиер и министер, но вети дека ова ќе биде само на определен период, без да потенцира за колкав период станува збор.

На новинарско прашање која ќе биде првата работа на која ќе се посвети како министер и дали можеби ќе се прави ребаланс, Заев ги искара кои ја критикуваат политиката на власта со данокот на додадена вредност.

„Секако јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ддв и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај боже да ввраќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари. Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната админситрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата“, одговори Заев од Валандово.

 

 

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »