Кој одлучил или проценил, на пример, дека Моника Зајкова е најдобрата за член на надзорниот одбор на лотарија или дека болнички референт може да биде стане менаџер во лотаријата. Или дека Цветанка Ласкова е најсоодветна да го советува премиерот за култура? Владата не кажува кој ги дава предлозите за овие позиции, но постојат процедури во коишто се назначуваат овие лица. А и владина комисија од министри која има задача да се увери дека предлозите се квалитетни.
На почетокот на минатата година нов директор на компанијата ГАМА во која што државата е акционер стана Александар Арсиќ. Ништо во неговата биографија не нуди аргументи за амбициите на овој наставник од средно училиште да биде во одборот на диреткори на компанијата која се занимава со пренос на гас. Но, Арсиќ е член на СДСМ и дел од централниот одбор на партијата. Бил и советник во општина Куманово.
Тој е еден од 115 членови на одборот на владејачката партија од кои што повеќе од 80 проценти во последниве две години добиле раководни функции. Мал дел се министри или заменици министри и државни советници, додека најголем се директори на државни институции и компании.
А потоа во овие компании се именуваат илјадници лица во управните и надзоорните одбори. Ваквите управни одбори потоа ги аминуваат предлозите за вработувања на директорите. Надзорните одбори треба да го одобрат работењетоо на менаџментот, односно имаат улога на контролен механизам.
Последните скандали со вработувањата на ќерки, синови, братучеди и пријатели на избрани и именувани функционери во државните фирми на власта и донесоа силни критики за непотизам. Именувањата на лица во надзорните и управни одбори, како примерот со младата и неискусна членка на Зајкова Моника од коалициониот партнер ЛДП која минатата недела стана член на надзорниот одбор на Државната лотарија, ги покрена прашањата за партизација на државата. Освен една година работно искуство во Собранието, Зајкова нема ништо друго што укажува дека има искуство да ја контролира работата на едно профитно државно друштво во кое што во игра се многу пари. Пред неа, член на надзорниот одбор стаана извесен Александар Димитријевски. За него нема никаква информација, ниту биогафија која може да ги потврди заслугите според кои што е одбран. Единстствените јавно достапни информации се оние од неговиот профил на социјалните мрежи каде што може да се најде под името Александар Кевин Димитријоски, а фотографиите на овој млад човек укажуваат на врски со владејачката СДСМ.
Кои министри одлучуваат за предлозите за директори и членови на одбори
Кој одлучил или проценил, на пример, дека Моника Зајкова е најдобрата за член на надзорниот одбор на лотарија или дека болнички референт може да биде стане менаџер во лотаријата. Или дека Цветанка Ласкова е најсоодветна да го советува премиерот за култура? Владата не кажува кој ги дава предлозите за овие позиции, но постојат процедури во коишто се назначуваат овие лица.
Најголема моќ да именуваат и разрешувааат според деловникот за работа на Владата имаат министрите. Тие можат да предложат најмногу луѓе на високите функции. Од директори на државните институции, установи, други органи, своите заменици и секретари, па се до менаџери во државните компании и членови на надзорни и управни одбори. Според член 101 од Деловникот, министерот поднесува предлог за именување и разрешување на државен секретар во министерството, директор во орган во состав на министерството, директори во установи или јавни служби каде што министерството врши надзор. Премиерот има многу мал опсег на именувања и назначувања или само неколку функции.
Според деловникот, пак, сите предлози за именувања и назначувања се праќаат до надлежна владина комисија која се нарекува владина комисија за именувања. Неа ја сочинуваат министри. Сите предози, согласно деловникот им се праќаат ним. Без да поминат низ нивни раце, не може да има назначувања на директори или советници. Во оваа комисија членуваат министрите Оливер Спасовски како претседател и Венко Филипче, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Кочо Анѓушев, Хазби Лика и Садула Дураку како членови. Погледнете го видеото (погоре во прилог ) каде што е објаснето функцонирањето на ова тело во владата.
ЕУ бара власта да не меша партија со агенција за вработување
Иако во планот 3-6-9 владата првично вети дека ќе воведе транспарентни и конкуретни постапки за избор на членови на управни и надзорни одбори во контекст на реформите и деполитизација на администрацијата. Тоа не се случи, а првично амбициозниот реформски план 3-6-9 претрпе уште две верзии. Во ниту една од нив повеќе не се зборуваше за систем на заслуги и транспарентна постапка за избор на овие позиции.
Европската комисија во својот последен извештај за прв пат бара од владата да биде транспарентна и да го почитува системот на заслуги во вработувања, а Комисијата ги споменала токму назначувањата на високите позиции во институциите и компаниите на владата.
Критериумите за назначуање на високи менаџерски функции во институциите и претпријатијата и другите државни орани не се јасно регулирани и нема транспаретност на процесот. Владата мора да води по пример и да спречи регрутирање кое не е базиранно на мерит, пишува во извештајот.
Европската комисија во овој извештај за прв пат споменува и враќање на доверба во институциите, а тоа враќање го врзува директно со деполитизација на администрацијата и форсирање на системот на заслуги.