Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) 28 години политичките партии над граѓанинот: Митре Велјаноски никогаш погласен

Митре Велјаноски е (поранешниот) пратеник чиј собраниски говор е „најгледан“ или „најдобар“ во јавниот дискурс. Она што го потенцираше во 2013 година како пратеник од редовите на СДСМ и пораката која ја упатува сега по повод 28 години независност, нема да им се допадне на политичарите.

Ако тогаш говорот го одржа од позиција на критичар на власта на Груевски, сега кога СДСМ е владејачка партија, неговите ставови за правичност и идеали, воопшто ги нема променето.

Во разговорот кој го водевме со Велјаноски, може да се забележи дека од истите побуди со кои влегол во политиката, поради истите и излегол. Тој не знае да биде профил на политичар какви што ги познаваме во Македонија и често го говори она што го мисли. Идејата на редакцијата на ИРЛ е сепак да чуеме што е она што довело до неговиот говор и што се има променето.

„Живееме во време кога нема вредности, кога личното се става далеку над општественото, а државата се менаџира како акционерско друштво“, вели тој.

Излез од магичниот круг во кој сме заглавени во зборот „надеж“, поранешниот пратеник смета дека има само ако се стави животот на граѓанинот пред политичките интереси.

Остар е кон поранешните власти, но и кон сегашната власт.

„28 години зависност од ВМРО и СДСМ, велат граѓаните, јас би додал 18 години зависност и од ДУИ“, вели Велјаноски.

Одлучно говори за класните разлики, за изворот на разочараноста, за водењето држава, за корупцијата и фрустрацијата.

Поврзани приказни

Македонија: 28 години држава на организираниот криминал

28 години независност: (Не)дигитална Македонија

(ВИДЕО) 28 години машка Македонија: Жените новинарки во борбата против корупцијата

Македонија: 28 години држава на организираниот криминал

Македонија: 28 години држава на организираниот криминал

Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »