Press "Enter" to skip to content

Студентите и професорите на заеднички протест

Студентите и професорите на Институтот по хемија денеска сложно и заеднички протестираа за подобри услови за студирање. Нивниот револт од игнорантноста на институциите надлежни за високото образование, одлучија да го изразат со 30 минутна пауза од наставата на која ги изложија своите барања. 

Професорката Марина Стефова, раководителка на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет, вели дека тие донеле одлука јавно да го изразат незадоволството од третманот кој го добиваат и да ги соопштат трите барања, а откако ги информирале студентите тие во еден глас одлучиле да им се придружат на протестот.

Институтот бара итно да бидат одобрени барањата за вработување на млади асистенти кои ќе одржуваат практична настава. Веќе осум години не е добиена согласност за вработување асистент, иако голем дел од професорите и лаборантите во изминатите неколку години се пензионирале. Од Институтот велат дека во 2000 година вкупно имало 58 вработени, од кои 11 биле асистенти. Денес на Институтот има 24 вработени, а ниеден од нив не е асистент.

Дипломираниот хемиски инженер Мирјана Саздовска вели дека условите на Институтот директно влијаат на знаењето кое студентите го стекнуваат.

„Ние немаме можност за практична настава и поради тоа не можеме да станеме стручни во нашето поле. Ова многу влијае на нашата иднина, бидејќи без практична настава имаме потешкотија да најдеме работа или да ги продолжиме студиите“, вели Саздовска.

Второто барање е да добијат средства за реновирање и опремување на студентските лаборатории, како и на останатите простории во рамки на Институтот. Професорите велат дека и покрај нивната посветеност да студиите бидат квалитетни како и на било кој светски универзитет, нивната работа е онемозвожена поради неопременост на лабораториите со интрументи.

Она што дополнително недостасува на Институтот по хемија се инвестирања во научноистражувачки проекти. Тие бараат средства за млади истражувачи во форма на стипендии и школарини и додаваат дека конкурси за национални проекти од ваков вид не се објавени од 2009 година.

Видео од протестот:

https://www.facebook.com/IRLMacedonia/videos/534366720726835/?t=3

Кога сте веќе тука, прочитајте:

Тајната вечера: Како МПЦ со партиска поддршка собра 2 милиона евра за црквата на улица „Македонија“

Една изборна единица: Кој е „За“, кој „Против“, кој „Ќе видиме“

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »