Press "Enter" to skip to content

Не започна уривањето во Охрид, сопствениците побарале деновиве самите да си ги срушат дивоградбите

Сопствениците на ресторанот „Момир“ и кафулето „Ликвид“ денеска побарале сами да ги урнат дивоградбите кои задираат во водите на Охридското Езеро, по што даден им е разумен рок на своја рака да започнат со активностите, откако утрово се изведуваа подготовки за уривање од страна на општината.

Од општината велат дека во текот на викендот ќе вршат инспекција и доколку сопствениците не го почитуваат сопственото барање, ќе руши општината, а ќе треба да платат сопствениците.

Ваквиот пример следи по сопственикот на угостителскиот објект „Аквариус“ кој одлучи самиот да ја отстрани платформата пред неколку дена.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски побара и останатите да го следат примерот на сопственикот на „Аквариус“, меѓутоа не само што не се случи тоа, туку дури и имаше обид за организација на протест за поддржување на дивоградбите од страна на општинскиот советник од ДУИ и сопственик на дивоградби, Нефи Усеини.

Советникот на ДУИ, Нефи Усеини ги повика граѓаните да излезат на протест откако започна акцијата за уривање на дивоградбите со првото рушење на дивоградба на улицата „Марко Нестороски“.

На 20. септември започна акцијата која е по препорака на УНЕСКО, а откако започна рушењето, сопствениците се појавиле во понеделникот во општината и со изјава заверена на нотар се обврзале дека самите ќе го направат тоа во наредните 20 дена.

За објектот на улица „Марко Нестороски“, тројца градежни работници беа уапсени на почетокот овој месец бидејќи беа затекнати од градежните работници како работат на објектот.

Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив е и пицеријата на охридскиот советник Нефи Усеини. Ниту една од нив засега не е урната.

По препораките на УНЕСКО локалната власт донесе одлука за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се воведе мораториум за градба.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »