Press "Enter" to skip to content

Катица Јанева останува во притвор

ИРЛ пишуваше за двојните станрди на судиите и на обвинителите со кои одредени лица се лишуваат од слобода, а други се ослободуваат. Во случајот на Јордан Камчев тој излезе од Шутка и замина во куќен притвор иако на Судот му беше наведено дека тој постои опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци во време кога истрагата уште трае, дека поседува и бугарски пасош и фирми и сметки надвор од земјава, дека еднаш во 2004 веќе избегал откако бил гонет од органите на правдата.

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева останува во притворното одделение во затворот Шутка откако Апелацискиот суд ја одби жалбата на нејзините адвокати. Причината за продолжувањето на притворот на Јанева е опасноста од бегство.

Апелацискиот суд во Скопје одлучи ексшефицата на СЈО, Катица Јанева да остане во притвор за случајот „Рекет“.

Второстепениот суд не ги прифати жалбите на нејзините адвокати. Како причина е наведена опасноста за бегство. Влијанието врз сведоци и повторувањето на делото се изземени бидејќи истрагата за случајот “Империја” е завршена, а неа и престана функцијата во СЈО, но и функцијата обвинител.

Во притвор останува и Бојан Јовановски познат како Боки 13 како првосомничен. Пред десетина дена од притвор во Шутка излезе Зоран Милевски – Кичеец, исто така гонет во “Рекет”.

За случајот “Империја” Јордан Камчев беше приведен во ноември минатата година заедно со поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и група бизнисмени. Случајот го водеше Специјалното јавно обвинителство, додека Јанева е обвинета дека го искористила своето влијание и во истрагата “Империја” му помогнала на осомничениот да излезе од притвор.

ИРЛ пишуваше за двојните стандарди на судиите и на обвинителите, како и за очигледните нелогичности со кои одредени лица се лишуваат од слобода, а други се ослободуваат. Во случајот на Јордан Камчев тој излезе од Шутка и замина во куќен притвор иако на Судот му беше наведено дека има опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци во време кога истрагата уште трае, дека поседува и бугарски пасош и фирми и сметки надвор од земјава, дека еднаш во 2004 веќе избегал откако бил гонет од органите на правдата. Камчев сепак излезе. Во случајот “Рекет” тој дава 1,5 милиони евра поткуп за да биде ослободен, но постојано ги снима разговорите со Бојан Јовановски и Милевски – Кичеец. Камчев излезе од притвор, случајот “Империја” никој не знае дали некогаш ќе продолжи, СЈО е згаснато, а тој сега слободно ги води своите бизниси.

Покрај Јанева, во притвор е и првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второосомничениот Зоран Милески – Кичеец излезе од Шутка и заврши во домашен притвор.

Како Јанева го правдаше куќниот притвор за Мијалков и Камчев

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »