Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со полициска придружба пред малку беше изнесена од нејзиниот дом во скопската населба Козле. Јанева е однесена во просториите на СЈО, каде во нејзино присуство се вршат претреси, а според извори од истрагата во исто време претреси се вршат и во нејзиниот дом во Гевгелија.
Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во 14 часот закажа прес конференција, каде ќе соопшти повеќе детали за приведувањето на Јанева и случајот „Рекет“.
Катица Јанева вчера даде исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и рече дека не се чувствува виновна за случајот „Рекет“ во кој се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец за изнуда и перење пари.