Press "Enter" to skip to content

Извесен цензус

Излезноста до 15  часот е за „милиметар“ поуспешна од онаа во првиот круг, што за политичарите во двата кампуста кои што ги контактираше претставува знак надеж дека цензусот ќе биде исполнет.  Извори во двата изборни штаба, и оној на власта и оној на опозицијата, самоуверено велат дека по добивањето на бројките  за излезноста во 15 часот, станува извесно дека цензусот ќе биде исполнет.

Последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) за излезноста до 15 часот покажуваат речиси незначително зголемување на излезноста во споредба со првиот круг. Во вториот круг илезноста според ДИК е 30,13 проценти или околу 543,044 гласачи  од  вкупно 1.808,131 излегле на гласачките места. Во првиот круг, пак, процентот на излезност беше 28,20 проценти или 507,129 гласачи. Повеќето од партиските лица со кои зборувавме, надежта ја гледаат во зголемувањето на цензусот во албанските средини, со исклучок на Струга каде што цензусот е драстично понизок.

Економските проблеми, корупцијата и масовното иселувањe придонесоа за нискиот цензус и тесната трка во првиот круг. Најголем предизвик за двете кампањи помеѓу двата круга беше адресирањето на општата гласачка апатија.

Од мисијата на ОБСЕ велат дека се оптимисти и се надеваат дека цензусот ќе биде постигнат.

Серејн Мауборн специјален координатор на ОБСЕ, одговорна за водењето на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ вели дека е оптимист дека цензусот ќе биде постигнат, но вели дека тие се тука само да набљудуваат, а граѓаните треба да покажат дека се присутни и можат да прават промени.

„Ние сме многу задоволни што имавме покана да бидеме присутни и на вториот круг. Се надевам дека ќе има 40 отсто излезност за да може да се избере претседател или претседателка. Целиот овој пат што се случи за влез во Европа, вие го надминавте. Мислам дека овој ден е клучен, за да можете да покажете пред сите“, рече Мауборн.

Корнелија Јонкер, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР рече дека тие уште од претходните избори дале препорака да се отстрани цензусот.

„Ако ги земеме изминативе две недели беше многу тивко кога станува збор за политичкат кампања. За таа цел познато ни е цензусот од 40% и а тоа ќе мора да почекаме за да видиме дали ќе биде постигнат цензусот. Ова не е прв пат да ги набљудуваме изборите и од претходно е препораката да се отстрани цензусот затоа што може да предизвика повторување на изборите“, изјави Јонкер.

Ова се шестите претседателски избори во земјава и првите избори откако е ратификуван Преспанскиот договор. Следниот претседател ќе биде петтиот претседател од независноста наваму и првиот претседател на Република Северна Македонија. Актуелниот претседател Ѓорге Иванов, којшто се противеше на Договорот со Грција, отслужи два мандата како претседател на републиката, односно максималниот број мандати за кои што може да се натпреварува еден граѓанин за оваа функција согласно Уставот.

Како се станува победник

Согласно Изборниот законик, во првиот круг еден кандидат може да стане претседател само ако освоил мнозинсто од гласовите од вкупнот број гласачи плус еден од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.

Во вториот круг излезноста треба да е 40 проценти за да може да се избере претседател.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »