Press "Enter" to skip to content

Интерактивна мапа: Променетиот лик на населбата Тафталиџе

Од 2007 до 2015 година во македонското Собрание се направија 104 измени на клучните закони за градење. Преку државно спонзорираните проекти во градежниот сектор за само една деценија, градот радикално се трансформираше. Секој нов урбанистички план овозможуваше неконтролирано градење од една мала моќна група со пари и пријатели во политиката. Промените не беа во функција на подобрување на животот на граѓаните. Таков е случајот со Тафталиџе. Низ пребарувањето на стотици документи во државните институции и дигиталните архиви, тимот на ИРЛ открива како во само пет години се изградија таканаречените бетонски чудовишта во населбата Тафталиџе. 

Со цел да ги прикажеме ефектите од корупцијата создадовме интерактивна мапа во која сликовито е опишана трансформацијата на Тафталиџе. Во мапата се содржани дел од големите бетонски чудовишта што засекогаш и го променија ликот на старата скопска населба.

Истражете ја мапата и предложете ни објект кој што би можеле да го додадеме:

Урбани Атентатори е приказна во која главните карактери се познати имиња од бизнисот со пари и пријатели во медиумите и политиката. Погледнете како се случи трансформацијата на нашиот град преку примерот на Тафталиџе во документарната сторија на ИРЛ:

Прочитајте го целото истражување тука:

Урбани атентатори: Како еден посредник, еден градоначалник и неколку бизнисмени го променија Тафталиџе