Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови, рече еврокомесарот Јоханес Хан на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Заев. Според него, клучно е до октомври да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото и сите политички страни во интерес на иднината на државата и граѓаните да покажат одговорност. Тој вели дека за ЕУ најважно е во секое решение да се земе предвид дека не може во транзициската фаза да има изгубени случаи.
„Мора да се покаже нула толеранција во борба против корупција и организираниот криминал и затоа е важно да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото. Сега е време сите политички страни да покажат одговорност се во интерес на иднината на државата и граѓаните. Сите треба да бидат фокусирани на октомври, да ги испорачаат потребните реформи и да дадат дополнителен стимул на државата. Во регионот е потребен овој позитивен сигнал да ја вратиме во живот ЕУ перспективата за државите во регионот. Затоа постои регионална, покрај државна одговорност сите треба да бидат свесни за можноста, но и одговорноста“, изјави Хан.
Хан рече и дека земјата заслужила да почне преговори, оти многу направила со договорите со Бугарија и со Грција и жали што тоа не се случило во јуни и што земјите членки сè уште се немаат одлучено за отворање на преговорите.
Заев, пак, очекува ЕУ да си го одржи зборот и во октомври Македонија да добие датум за почеток на преговори.
Поврзани вести: