Press "Enter" to skip to content

Богдан Дамјановски од Кисела Вода е новиот сопственик на 1тв

Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, телевизијата осамна со нов сопственик. Не доаѓа од бизнисот или од шоу бизнисот, всушност, за него не се знае речиси ништо. 

Богдан Дамјановски не и познат на македонската јавност. Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Ова е човекот којшто во Управата за јавни приходи се легитимирал како нов сопственик на телевизијата 1тв.

ИРЛ разговараше со извори вклучени во водењето на истрагата кои потврдија дека телевизијата сега има нов сопственик, односно дека дошло лице кое се претставило како новиот газда којшто со раководството направил договор за преземање на долговите на фирмата, а за возврат, тој бесплатно ги добива уделите.

Во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.

Долговите на телевизијата се околу 30 милиони денари, односно повеќе од 400,000 евра, според информациите на Управата за јавни приходи.

Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок, информираше УЈП на вчерашниот брифинг за новинари.

Даночните инспектори ќе поднесат кривична пријава и за Јасна Мандиќ,  Миле Јовановски,  БМЈ Медија груп, фирма која е сопственик на телевизијата 1 ТВ, како и Томато продукција во чии простории работеше телевизијата.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »