Press "Enter" to skip to content

Заев: Утре ќе предложам Собранието да ја избере Нина Ангеловска за министер за финансии

22.8.2019 година

Премиерот Зоран Заев и лидерот на СДСМ денеска по завршувањето на Централниот одбор на партијата најави дека утре до Собранието ќе достави предлог за избор на нови функционери. Тој најави дека Нина Ангеловска, сопствениката на „Групер“ ќе биде предложена за министер за финансии, а Кире Колемишевски за заменик министер за економија.

Заменик министер за образование и наука ќе биде Елизабета Наумовска, а досегашниот заменик министерот за економија Кире Наумов, ќе биде директор на Македонската Банка за поддршка и развој. Заменик министер на новото министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде Неџат Мехмедовиќ.

Заев информираше и дека на денешната седница, партијата избрала нови пет потпретседали.

„За потпретседатели се избрани Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, којшто е нов меѓу нашите редови, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зеќири, актуелен пратеник во Собранието на РСМ, Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко општество и администрација. Преку Коста Петров, којшто е нов меѓу нашите редови, којшто е млад човек и е поканет денеска е во ЦО и истовремено е избран за потпретседател на СДСМ со сериозно образование, човек докажан, исто така ја испраќаме пораката дека е еден од примерите како може да се засукаат ракавите, да се направат напори да се успее во нашата земја“, рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто Фросина Ременски и Александар Кирацовски не се во потпретседателскиот тим, тој рече дека мандатот им е завршен, но дека остануваат во другите тела на партијата.

„Реков ако некој биде осомничен партијата ќе постапи принципиелно, верувам дека никој не згрешил. Одлуките се донесени од порано тие остануваат во партијата. Ременски и Кирацовски не се оти мандатот им заврши, тие се членови на Централен одбор, а Ременски е член и на Извршниот одбор на партијата“, изјави Заев.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »