Press "Enter" to skip to content

Во Пржино инвеститор со кола ги гази реквизитите на жителите кои се противат на изградба на станбен комплекс

Вечерва во Пржино се судрија гневните и разочарани жители од слепата уличка каде што започна градбата на станбен комплекс. Инвеститорот со кола ги гази реквизитите на жителите за утрешниот протест против неговиот објект. Во моментов во Пржино има полиција. Жителите од малата слепа уличка чија што борба за достоинствен урбан живот трае со години, на почетокот на оваа недела започнаа протести кога се појави првиот багер.

“Некој му јавил за протестот. Дојде со џип Ауди со бугарски таблички и почна да ги гази реквизитите за протестот. По траекторијата по која секој ден на оваа метро на метро уличка каде што гази неговиот багер за да напраи огромна зграда, ние ставивме симболично бела лента. Пред неа столче со натпис на кое што пишува “пази, тазе цементо”. Тоа е нашиот симболичен протест против одлуките на институциите кои што не ги одбранија своите граѓани од урбаните узурпатори”, раскажува еден од жителите. Тие велат дека ги пцуел и бил агресивен.

“Го скрши столчето, од каде да знаеме што ќе направи, викнавме полиција”, велат жителите.

Адресата на објектот се наоѓа на соседната улица. Но, бидејќи од таа улица тој не може да има пристап до објектот, општината му дозволила да си направи влез на другата улица. Жителите оваа одлука ја сметаат за нелегална.

Оваа мала, но упорна група соседи долги години се бореше со општината за да докажат дена не е ниту легално ниту безбедно да се гради толкав објект во таква улица. Ја изгубија и борбата за застапување кај своите советници и се донесе, според нив, штетниот дуп. Истрајноста на овие жители доби широка поддршка од граѓаните откако тие одбија да се предадат дури и кога дојде багерот.

Во Пржино дојдоа четворица полицајци. Инвеститорот за сето тоа време им дофрлаше провокативни зборови на жителите. “Утре ќе дојдам ќе ви исчистам се ова, уживајте, имам дозвола”. “

Полицијата замина по инвеститорот и на граѓаните им укажа дека протестите треба да се пријават во МВР.

Повеќе за случајот со улица „Пржино“ во линковите подолу.

Бетонизација на Пржино: Итриот инвеститор, кутриот градоначалник

Последно истражување

КРИК СРБИЈА: Директорот на белградската болница „Дедиње“ набавил несигурни Ковид-19 тестови од македонски бизнисмен осомничен за криминал

Жители на Пржино со жив штит и полициско присуство ја бранеа улицата од инвеститорски багер

 

Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »