Press "Enter" to skip to content

Тендерите продолжуваат по старата „вмровска“: малку конкуренција и многу фаворизирање

Секоја трета набавка направена со државни пари била  само со една понуда, а фаворизирањето на одредени компании и потиснувањето на конкуренцијата се дел од клучните наоди во новиот извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦКГ) од мониторингот на јавните набавки спроведен во втората половина на 2018 година.

„Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики“, се укажува во извештајот на ЦГК.

Во втората половоина на 2018 година имало повеќе жалби од страна на компаниите отколку во првата половина, но и помалку конкуренција и помалку понуди по тендер. Малите и средните претпријатија се посочени како најдискриминирани во тендерите, додела големите компании најдобро поминуваат и од купчето пари за набавки често го земаат и она што не им припаѓа. Така на пример, ЦГК посочува дека големите мултимилински тендери не се делат на повеќе мали набавки со што ќе се поттикне конкуренцијата и ќе им се даде шанса на малите и средните да се одржуваат и да растат. Малите и средни компании се спречуваат да конурираат на тендери и во самото обликување на критериумите за натпревар. Често се бара компаниите кои сакаат да учестуваат да прикажат високи приходи дури и во неколку последователни години.

Ова, според извештајот, не е во согласност со препораките и правилата на Европската унија од каде што на земјата и укажуваат дека критериумот минимум годишни приходи не може да надминува повеќе од двојно од вредноста на самиот тендер.

„Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда“, пишува во Извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Како пример за елиминирање на конкуренцијата се дадени повеќе тендери, меѓу кои и оној за софтверско поврзување на институциите и тендерот за реконструкција на амфитеатар.

Ниска оценка за спроведувањето на јавните набавки дале и анектираните компании за целите на овој извештај или 2,87. Најчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е “најниската цена” како единствен критериум, додека забележано е подобрување во однос на наплатата за завршена работа иако се уште долго се чека – во просек по 6 месеци и 12 дена.

Фаворизирањата остануваат проблем и на оваа власт

„Тендерските документации и техничките спецификации треба да ја стимулираат конкуренцијата, а не да се злоупотребуваат за фаворизирање на одредени компании“, ќе заклучи ЦГК.  За време на десетгодишното владеење на Никола Груевски, тој беше обвинуван дека ги злоупотребува државните пари за да дели тендери на компании блиски нему и неговите луѓе. Извештаите на бројни граѓански организации, како и на самата Европска унија укажуваа на нетранспаренти постапки во делењето на државни пари и фаворизирање на компании блиски до политичарите, а еден од примерите кој често беше посочуван и анализиран беше проектот „Скопје 2014“

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »