Press "Enter" to skip to content

Стевчо Јакимовски денес во обвинителството врши увид во доказите против него

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска ги видел доказите што Обвинителството за организиран криминал извршил ги прибра во истрагата што ја води против него, потврдија за ИРЛ од ова обвинителство. Јакимовски пред четири дена излезе од куќен притвор каде беше шест месеци, откако на 20 март беше уапсен поради злоупотреби за службената положба за приватизацијата и продажбата на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“.

„Истражната постапка за предметот во кој е осомничено лицето за кое покажувате интерес е завршена. Сослушани се сведоци и сите осомничени, прибрани се материјални и вербални докази. Во моментот тече рокот од 15 дена во кој одбраната на осомничените треба да изврши увид во доказниот материјал и да предложи докази. По истекот на законски утврдениот рок од страна на јавен обвинител ќе биде донесена мериторна јавнообвинителска одлука“, изјавија за ИРЛ од Обвинителството на Вилма Рускоска.

Оттаму велат дека за поранешниот градоначалник на Крапош во Обвинителството за организиран криминал се водат повеќе постапки за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

Јакимовски беше приведен и минатото лето во август по што му беа изречени мерки на претпазливост. Во таа истрага исто така се сомничи за злоупотреба на службената положба, а штетите по буџетот, според обвинителството, изнесуваат околу 560 илјади евра. Неколку дена по оваа пријава, Финансиската полиција поднесе нова кривична пријава која  вклучи и две градежни фирми за бесправно градење.

Јакимовски беше градоначалник на Карпош три мандати. Во вториот мандат беше обвинуван дека буквално му го промени личниот опис на старото скопско маало „Тафталиџе“. Се изградија десетици објекти и висококатници на секоја достапна парцела, а приватизацијата на државно земјиште, поделбите на маркици за градба и промените на деталните урбанистички планови беа следени со многу правни контроверзи.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »