Press "Enter" to skip to content

Собранието се распушта на 11.февруари, Џафери нема намера „пост фестум“ да свика вонредна седница за НАТО

Пратеничкиот мандат на актуелниот состав ќе заврши на 11.февруари, информираше денеска на брифинг со новинарите, собранискиот спикер, Талат Џафери. Со оглед на најавените избори за 12.април, претседателот на Собранието рече дека на ден по распуштањето на Собранието, ќе бидат распишани и изборите, односно како што предвидува Уставот, 60 дена до денот на одржување на истите.

„До мене треба да стигне барање за распуштање на Собранието. Уставот кажува дека изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието. Ако барањето стигне по 11 февруари, го одложува датумот за одржување на изборите“, кажа Џафери.

Џафери е дециден дека во случај собранискиот состав да треба да го ратификува Протоколот за НАТО во македонскиот парламент, тој нема да свика вонредна седница бидејќи мандатот на пратениците веќе ќе биде истечен.

Сепак, ќе остави простор за таква можност само доколку биде покрената постапка пред Уставниот суд.

Спикерот испрати порака до аналитичарите, правниците и политичарите кои коментираат дека Собранието може да се распушти 45 дена пред одржување на изборите, дека Уставот никаде не го предвидува тоа.

Изборниот роковник пак, вели, го утврдува ДИК, но смета дека 45 дена се малку време за спроведување на изборниот процес, затоа што, и покрај скратените рокови, потребни се по 20 дена за кампања и за увид во Избирачкиот список.

Кон крајот на декември, до Собранието треба да пристигне предлог со имиња за техничка влада која треба да биде избрана 100 дена пред одржување на изборите, за да може Џафери на 3.јануари да ја закаже седницата за изгласување на новата влада, по оставката на актуелниот премиер Зоран Заев.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »