Press "Enter" to skip to content

Пријателот на Путин добива државни средства за борба против корупција

Аркадиј Ротенберг, пријател на Владимир Путин од детството, минатата недела доби државен договор за спроведување на антикорупциска обука и развој на граѓанското општество низ целата земја.

Руската влада додели 46 милиони рубли (688.000 американски долари) на Грант ЛЛП за насочување и менаџирање на јавни дискусии и конференции. Според руската корпоративна база СПАРК, оваа компанија е во целосна сопственост на Ротенберг.

Поранешниот џудо партнер на претседателот Путин, Ротенберг има огромна корист од пријателство со Путин. Во својата прва година од владеењето во 2000-та, Путин го создаде „Роспиртпром“, нов државен орган кој презеде 30 проценти од производството на водка во земјата, предавајќи му целосна контрола врз компанијата на Ротенберг.

Владимир Путин и Аркадиј Ротенберг. Фото: “Kommersant”.

Ротенберг оттогаш создаде богатство во вредност од $ 2,4 милијарди долари, станувајќи еден од најбогатите бизнисмени на Русија. Неговото богатство во најголем дел е акумулирано преку „Стројгасмонтаж“, најголемата руска градежна група за нафта и гас, која ја поседуваат заедно со својот брат Борис.

„Стројгасмонтаж“ беше формирана во 2008 година, кога “Гаспром”, руски енергетски гигант во државна сопственост, му продаде на Ротенберг пет компании за изградба и одржување. Оттогаш таа остана една од најголемите клиенти на “Гаспром”.

Зимските олимписки игри,2014-та година во Сочи беа уште еден џекпот за браќата Ротенберг, обезбедувајќи ги со 7 милијарди долари преку договори за градежни работи.

На листа која ги рангира руските бизнисмени според вкупната вредност добиена преку државни договри,  Форбс го именуваше Ротенберг за “крал на државните нарачки” во 2016 година. Само во 2015, тој е добил 9 милијарди долари преку владините договори. Во 2016 година оваа бројка падна на 1,5 милијарди долари, ставајќи го следната година на седмото место.

По анексијата на Крим од страна на Москва во 2014-та година, САД и Европската унија спроведоа санкции против Ротенберг. Тој ја изгуби својата империја на италијанскиот имот и можноста да патува низ континентот.

Сепак, бизнисменот поседува огромен и разновиден имот. Документите „Парадајс пејперс“ кои протекоа од бермудската адвокатска фирма „Appleby“, открија дека Ротенберг и неговиот брат Борис, купиле три луксузни приватни авиони во вредност од 100 милиони долари преку даночен маневар на островот Ман, за да избегнат плаќање данок на додадена вредност (ДДВ) во вредност од 20 милиони долари.

Автор:  Меѓународeн проект за известување за организиран криминал и корупција

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »