Press "Enter" to skip to content

Поповски: Последниот бастион на отпор кон перспективите на државата остана Македонското радио

Сѐ уште постојат центри на влијание и на отпор за нормалното информирање и за нормална програмска содржина што треба да ја нуди Националната радиотелевизија, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на денешната дебата на тема „Финансирање, управување и регулација на Јавниот сервис“.

„Последниот бастион на отпор кон перспективите на државата остана Македонското радио. Таму за време на референдумот продефилираа сите најтврдокорни ликови кои сакаа крв да се пролее за да не се случи перспективата на Македонија. Кога Франција стави вето на почетокот на преговорите имаше вечер на француски шансони. Ви кажувам дека сѐ уште постојат некои чудни центри на влијание и на отпор на нормалното информирање и на нормалната програмска содржина што треба да ја нуди јавниот сервис. Она што Владата го прави е целосно ослободување на било какво политичко влијание  или притисоци врз начинот на информирање и ја овозможуваме клучната улога на јавниот радиодифузен сервис објективно, професионално,  навремено и точно информирање на граѓаните“, рече министерот Поповски.

Тој изјави и дека Владата е подготвена да ја даде целата своја поддршка околу финансиското стабилизирање на јавниот сервис, но и за негова модернизација и воведување на нови технологии, по урнек на европските радиодифузни сервиси.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »