Press "Enter" to skip to content

Ленче Ристоска: За СЈО ќе зборуваме во друга прилика, денес го славиме денот на независноста

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска на денешната прослава во Градскиот парк по повод Денот на независноста не сакаше да коментира за случувањата поврзани со СЈО и порача дека тие ќе бидат адресирани во друга прилика.

„Сите работи поврзани со СЈО и со тековните случувања ќе ги адресираме во друга прилика. Денес го славиме Денот на независноста, да се фокусираме на денешниот празник“, изјави Ристоска.

Обвинителките на СЈО, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи денеска присуствуваа на прославата која се одржува во Градскиот парк кај Школката. Како што изјавија, на прославата присуствуваат по покана од страна на Владата.

Во празнична атмосфера присутните граѓани меѓу кои и високи владини функционери,  го прославија 8 септември, денот кога Македонија бележи 28 години независност. Премиерот Зоран Заев на прославата испрати порака за обединување на Македонија во силна држава која е на прагот на евроатлантските интеграции.

Поврзани стории: Што е важно да се спомене на денот на независноста.

(ВИДЕО) 28 години машка Македонија: Жените новинарки во борбата против корупцијата

28 години независност: (Не)дигитална Македонија

(ВИДЕО) 28 години машка Македонија: Жените новинарки во борбата против корупцијата