Press "Enter" to skip to content

Кој е Александар Филиповски-пратеникот што ќе го замени Богоевски

Александар Филиповски е пратеникот кој треба да дојде на местото на Павле Богоевски, кој во четвртокот си даде оставка од функцијата пратеник.

Филиповски беше на 17-то место на листата кандидати за пратеници. За разлика од Богоевски кој беше независен пратеник и ја претставуваше „Шарената Револуција“, Филиповски е член на СДСМ и доаѓа од нивната општинската организација во Аеродром.

Филиповски досега не беше познат во јавноста. Од социјалните мрежи за него може да се дознае дека е страсен навивач на кошаркарскиот клуб МЗТ и љубител на коњи.

На неговиот фејсбук профил може да се видат и фотографии со градоначалниците Петре Шилегов, Златко Марин и Саша Богдановиќ.

ИРЛ го телефонски го побара Филиповски да побараме одговор на неколку прашања, но не успеавме даа го добиеме.

Со доаѓањето на владата на СДСМ, на 03. август 2017 година, тој бил избран за член на Управниот одбор на Дирекција за технолошки индустриски зони.

Според податоците од анкетните листови за имотната состојба, Филиповски на негово име има едно возило, штедна книшка, заем и три кредити.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »