Со денешниот исказ во Обвинителството, во однос на т.н случај „Рекет“, пратеникот Александар Кирацовски смета дека придонел за правилен тек на истрагата и пред камерите на медиумите изрази надеж дека ќе престанеле манипулациите и лажните вести.
Кирацовскки ги отфрли сите обвинувања и шпекулации во кои се спомнува неговото име и дополни дека во ниту еден момент не извршил било какво кривично дело.
„Како лице од кое се бараат информации, ги споделив во Обвинителството, за оние со кои јас располагам. Се надевам дека од денес ќе завршат манипулациите и лажните вести и инсинуацтиие кои реално нанесоа реална штета и на истрагата и на недолжни луѓе. Ние сме луѓе со интегритет“, рече Кирацовски, притоа појаснувајќи дека не присуствувал на ниту една средба при договарањата на проектите на Меѓународниот сојуз.
Поранешниот генерален секретар на СДСМ рече дека воопшто не бил повикан за информации поврзани со имињата Орце Камчев, Зоран Милевски и Катица Јанева и дека нив не ги познава ниту сака да ги запознае, а бил викнат за „еден мал сегмент“.
Рече дека остварил средба и со новинарот Бранко Геровски, чии пишувања во јавноста го изнесоа прекарот „Кики“, а по кој јавноста го поврза токму Кирацовски.
„Не се препознавам под тој псевдоним. Имавме средба со Героски, сакав лично да проверам, ми призна дека во однос на мене направил фаул“, рече Кирацовски.
Тој е убеден дека процесот ќе тече транспарентно и дека на крај правдата ќе излезе на виделина, а секој се огрешил дека ќе одговара.
За направените фотографии рече дека не се индикација за криминал а бидејќи е политичар, луѓето барале да се сликаат со него.
Погледнете ја цела изјава на Александар Кирацовски: