Press "Enter" to skip to content

Катица Јанева пред камери и со сокриено лице беше спроведена во домашен притвор

Со длабока качулка и покриена од глава до пети поранешната Специјална обвинителка Катица Јанева вечерва беше спроведена во домашен притвор со полициско комбе. Пред зградата каде што живее нејзиниот син, а каде што таа ќе го мине куќниот притвор, прикчеринава веќе чекаа камерите на медиумите кои добиле дојави дека обвинителката се спроведува во куќен притвор. Таа од комбето излезе облечена од глава до пети, а нејзиниот лик воопшто не се гледаше.

Јанева беше уапсена на 21 август годинава и е второобвинета случајот “Рекет”. По нејзината жалба за укинување на мерката притвор, Апелацискиот суд одлучи позитивно. Таа на увид го дала имотниот лист од станот на својот син, а во предвид била земена и нејзината здравствена состојба.

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »