Press "Enter" to skip to content

Катица Јанева ќе даде исказ откако ќе ги види доказите против неа

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која е осомничена во т.н случај „Рекет“ денеска беше спроведена од истражниот затвор Шутка во Обвинителството за гонење на организиран криминал и е известена дека истрагата за слуачјот е завршена.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска рече дека Јанева ќе даде исказ откако ќе ги види доказите против неа.

„Во четврток ќе има увид во доказите, а потоа ќе даде и исказ“, рече адвокатката Ирена Фрчковска.

Вториот адвокат што го ангажираше Јанева, Дељо Кадиев, рече дека откако ќе го добијат известувањето дека истрагата е завршена веднаш ќе побараат на Јанева да и биде укинат притворот, затоа што повеќе нема опасност од влијание врз сведоци.

„Со завршувањето на истрагата отпаѓа основот за притвор – влијание врз сведоци, и останува само основот за можност од  бегство. Ќе понудиме гаранција таа да се брани од слобода. Кога ќе го добиеме известувањето, веднаш ќе се обратиме до Судот, мислам дека е обврска и на Обвинителството е кое треба да води сметка и за тоа осомничените се помалку време да поминуваат во притвор“, изјави адвокатот Кадиев.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за „Рекет“, односно за  тргувањето со влијание за „Империја“, во кој се осомничени три лица, Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева – дека земале пари од Орце Камчев за тој да добие олеснителни околности во случај кој го отвори СЈО – Империја.

Паралелно со оваа истрага, во Обвинителството за гонење на организиран криминал се води истрага и за Меѓународниот сојуз на Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 и парите кои бзинсимени ги уплатувале за изградба на старечки домови.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »