Вовед
За парламентарните и претседателски избори и за опциите кои се пред македонските граѓани се разговара многу. Но, и на два дена пред изборниот ден ниедна партија не разговара со својот електорат за потребите и аспирациите на сите граѓани. Кампањите на оние кои се натпреваруваат воопшто не се грижат да ја образложат или дебатираат својата понуда.
Овие избори ја прикажаа длабоката криза на вредности во македонската политика, најпосле во македонското општество. Начинот на којшто се прават програмите, она што го содржат, како и начинот на кој се разговара со својот електорат се важни показатели за тоа дали ќе имаме администрација која е подготвена и со луѓе и со идеи за длабоки реформи или повторно ќе гласаме за помалото зло. Но, што кога помалото зло станува закана за опстанокот и дали Македонија може да си дозволи уште изгубени години?
Поголемиот дел од програмите се документи кои не можат да се наречат програми бидејќи не ги исполнуваат ниту основните стандарди. Има партии кои воопшто и немаат програма, а за сите заедничко е дека се во голема мера нереални и несоодветни за актуелните проблеми и предизвици на граѓаните. Ако се суди по историски ниската доверба на граѓаните во партиите, најпосакуваното решение за мнозинството била нова политичка опција создадена од вешти луѓе со разумни идеи кои се темелно разработени. ИРЛ анализираше зошто немаме опции и зошто повторно мора да гласаме црвено, портокалово или сино, или за нивните отцепени соработници.
Заклучоци |
|
Стории

Слушај што ти зборувам, не гледај што правам
Ниту една од програмите не рефлектира одредена визија и се чини дека никој не нуди конкретна и темелна реформа. Оние кои ги создадоа проблемите, без никаков влог и добронамерност повторно бараат доверба дека чесно и квалитетно ќе ги управуваат институциите.

Граѓанинот на последно место
ИРЛ следеше три митинзи на трите водечки партии кои носат најголема одговорност за лошото и корумпирано владеење кое доведе до иселенички егзодус во земјава. Партиите вложија од 0 до максимум 7% времето за да зборуваат за најважните општествени проблеми: корупција, животен стандард и здравство.

Како системот спречува фер натпревар
Во теорија повеќе партии би значеле и поголем избор, но наместо различни политички идеи, впечатокот на граѓаните за етаблираните партии е дека тие работат за да и овозможат на мала група на луѓе да се збогатат што е можно повеќе и да останат на власт што е можно подолго.

Реформите за добро владеење далеку од политичките амбиции
Оние кои придонеле Македонија да стане длабоко корумпирана земја во која правдата е речиси невозможна, се и оние кои се борат за власт. Довербата во партиите паѓа, но програмите „дишат“ во друга димензија и нудат фантастични решенија за борба со криминалот и корупцијата.
Видео сторија
Проектен тим
Уредник и координатор: Сашка Цветковска
Новинарски тим: Александар Јанев, Лила Караташева, Александра Денковска Гоцевска, Маја Јовановска
Видео тим: Горјан Атанасов, Борјан Стојков, Владимир Владимиров, Лука Блажев, Сергеј Сарчевски, Трајче Антоновски
Веб дизајн и визуелизација: Лука Блажев, Елена Митревска Цуцковска
Комуникации: Деница Чадиковска, Сашка Цветковска