Press "Enter" to skip to content

Избори 2024: Реформите за добро владеење далеку од политичките амбиции

Оние кои придонеле Македонија да стане длабоко корумпирана земја во која правдата е речиси невозможна, се и оние кои се борат за власт. Довербата во партиите паѓа, но програмите „дишат“ во друга димензија и нудат фантастични решенија за борба со криминалот и корупцијата.

ИЗБОРИ 2024: Ова ли е тоа?

Пишува: Maja Јовановска

Последните извештаи на меѓународните организации кои го мониторираат напредокот на државата во клучните аспекти кои се пресудни за владеење на правото, нотирано е дека Македонија се врти во круг и нема никакви резултати во борбата со корупцијата и еднаква правда за сите граѓани. Речиси идентични се и заклучоците на Фридом Хаус, Стејт департментот и извештајот на Европската комисија.

Политичките партии во своите програми издвојуваат посебен дел за борба против корупцијата и реформи во правосудството. Речиси сите ветуваат нула корупција, правда за сите и ветинг на судиите и обвинителите. Нивните планови не нудат надеж за промени, оти сите овие ветувања ги читаме и слушаме со години наназад. Во најновите програми истите флоскули се препишани неисполнети ветувања.

СДСМ повеќе се фали што сториле, отколку што ќе направат

СДСМ како владејачка партија во најголем дел од програмата се фали што направила во својот мандат, отколку да понуди решенија во поглавјето корупција и судство. Насловот е неинвентивен „Добро управување – подобар и праведен систем за сите“, а воведот е како лекција од учебник за европско право. Шест пати се споменува зборот режим, кога се прави споредба со практиките на владеењето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, но ниту еднаш не е наведен зборот „метла“ – операција која во 2019 година ја најавуваше СДСМ за расчистување со корумпираните функционери.

„Ветивме дека ќе ја ослободиме државата од режимот и дека институциите ќе им ги вратиме на граѓаните. Токму тоа и го правиме, и покрај сите предизвици со кои се соочуваме и дома и во светот.“, пишува во програмата на СДСМ.

Во програмата нема ниту збор за враќање и одговорност на поранешниот премиер Никола Груевски, ниту за измените во Кривичниот законик кои беа изгласани во Парламентот лани во септември и овозможија намалување на казните и застарување на многу актуелни случаи на криминал и корупција на поранешни и сегашни функционери. Но, затоа пак, неколку пати во програмата СДСМ споменува дека за јаловата борба против корупцијата не се виновни само тие.

„Свесни сме дека граѓаните сметаат дека борбата против криминалот и корупцијата не ги дадоа ветените резултати. Потребно е многу повеќе и многу подобро. Иако за резултатите постоеја многубројни објективни, но и субјективни причини, за нас е важно дека волјата, определбата и нужноста за силна борба против криминалот и корупцијата останува и станува сè поголема.“

СДСМ веќе по трет пат, од 2016 година, ветува ветинг на судии и јавни обвинители и најавува реформи за силен, независен и професионален судски совет. Но, во програмата „За европска иднина“ нема објаснување како би се спровел ветингот.

Во кусиот дел насловен „Јавност и транспарентност“, СДСМ поглавјето го завршува со пораки кои повеќе се прикладни за на некој митинг, отколку во четири годишната програма за работа на новата влада.

„Одговорна власт нема што да крие. Чесни политичари не се плашат од независно судство, објективните медиуми, ниту од активните граѓани.“, заклучува СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ како досега да не биле на власт

ВМРО-ДПМНЕ како партија која на централно ниво е во опозиција седум години има поголема комоција да критикува за лошите резултати. Поглавјето „Фронт против корупција“ го почнува со констатации дека институциите се во заложништво на власта и дека во земјава не владеат Уставот и законите. 

ВМРО-ДПМНЕ најавува радикални реформи во делот на правосудството, распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и проверка на имотот на сите судии и обвинители и нивните семејства. 

Ако се чита внимателно програмата впечатокот е дека криминалот и корупцијата се печат на владеењето само на актуелната власт предводена од СДСМ. За предметите за криминал и корупција кои беа поведени против функционери од ВМРО-ДПМНЕ гледа политички реваншизам и најавува дека: „Во Македонија мора да дојде правда за неправедно осудените во политички монтирани случаи по желба на власта“.

Она што за прв пат оваа партија го споменува е ревизија на законитоста и целокупното работење на Специјалното јавно обвинителство. 

„Посебно внимание ќе се посвети на загрозување на човековите права направени во постапките на СЈО, расчистување на утврдените злоупотреби на исплатата на финансиски средства кон обвинителите, истражителите и советниците и нивно враќање во буџетот, како и испитување на непотизмот, партизацијата и кронизмот при вработувањата во СЈО.“, најавува партијата која има големи шанси да ја формира новата влада.

ВМРО-ДПМНЕ во поглавјето „Стоп за корупцијата“ најавува дека приоритет на новата влада ќе биде безмилосна борба со корупцијата и казни за корумпираните носители на јавни функции. Откако со измените на Кривичниот законик и пропаѓањето на СЈО се спасија од кривичен прогон, во првите редови до лидерот на партијата на овие избори се лица кои беа дел од истраги и обвиненија на Специјалното јавно обвинителство. 

Оваа партија планира ревизија на целокупното работење на повеќе институции за кои во јавноста се отворило сомнеж за криминал и корупција. Ако победи, ВМРО-ДПМНЕ најавува ревизија во АД Електрани, Државна лотарија, Фонд за иновации и технолошки развој, Агенција за вработување, Клиниката за онкологија и радиологија, Министерството за земјоделство со фокус на поделбата на државно земјоделско земјиште. 

Во ДУИ нема корумпирани, има недопирливи

Ако некоја партија може да се пофали дека нема осудени корумпирани функционери, тоа е владејачката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ). Од оваа партија која дваесет години е на власт, досега правосилно е осуден само поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и злоупотреба на 840 илјади евра.

Она што не го завршија македонските истражни органи во земјава, го сторија Соединетите Американски Држави, ставајќи го струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црна листа, поради корупција и мешање во судски предмети. Тој не може да влезе во САД, но сè уште ја раководи општината и нема ниту една правосилна пресуда.

Оваа партија најавува донесување на Закон за рестриктивни мерки, со што институциите во државата ќе постапуваат според меѓународните санкции, вклучувајќи ја и американската црна листа.

ДУИ две децении умешно успеваше да го затскрие коруптивното однесување на своите функционери. Истрагата на СЈО за пропаднатиот Попис 2011 во кој беше инволвиран лидерот Али Ахмети беше запрена поради недостиг на докази. Исто како и предметот „Пациент“ во кој истрагата беше насочена кон тогашниот министер Бујар Османи. ДУИ преку првиот вицепремиер Артан Груби влезе во отворена војна со Државната комисија за спречување на корупција, која отвори предмет за неговата имотна состојба. Кулминацијата оваа партија ја достигна кога вршеше директни притисоци врз претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, за оживување на аболициите на поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов кои би го олесниле враќањето на Груевски.

Сега, во изборната програма ДУИ се залага за ветинг на судии и обвинители, како и на политичари и вработените во безбедносните органи. Предлагаат политичарите да минуваат низ два филтри: вмешаност во корупција, како и проверка на евентуално руско влијание кое би го спроведувал меѓународен борд по теркот на НАТО безбедносни сертификати.

Во борбата против организираниот криминал ќе се фокусираат на конфискацијата на имот и предвидуваат повеќе кадар и пари за институциите кои истражуваат организиран криминал, финансиски злоупотреби и перење пари.

ВЛЕН ќе бара странски експерти за борба против криминалот

За прв пат албанската опозиција има шанси да биде дел од владејачкото мнозинство и ДУИ да замине од владата. Опонент е коалицијата „Vlen“ на албански или „Вреди“ на македонски, која ја направија три политички партии предводени од Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами, како и крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Сите тие биле дел од централната власт во одреден период, а Тараври и Касами, пак, се актуелни градоначалници.

И „Вреди“ во својата програма најавува ветинг и реформи во судскиот и во обвинителскиот систем. За таа цел ќе бараат меѓународна помош со која ќе треба да се формира Специјално тело по европски стандарди кое ќе ја следи работата на судиите и обвинителите.

Оваа коалиција како стратешки приоритет ја наведува конфискацијата на незаконски стекнат имот и планира да се зајакнат овластувањата и ресурсите на Агенцијата за управување со запленетиот имот, на Државната антикорупциска комисија, на Финансиската полиција и на Државниот завод за ревизија.

Планираат повеќе пари за судовите и за јавните обвинителства, како и за Бирото за јавна безбедност. Но за тоа се потребни законски измени, наведуваат во програмата, за да може подготовката на буџетот за судството и институциите за борба против корупцијата да биде целосно или барем делумно под контрола на независни и автономни тела, а не на владата.

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.