Press "Enter" to skip to content

Германец со македонско потекло планирал бомбашки напад во име на ИСИС во Франкфурт

Три лица во градот Офенбах во Германија се уапсени од страна на германската полиција под сомнение дека планирале бомбашки напад во име на Исламската држава. Помеѓу тројцата уапсени е и 24-годишен Германец со македонско потекло. Тој е главниот осомничен во истрагата. Според германските власти тој имал намера да произведува експлозиви, а имал обиди да набави оружје и на интернет. Негови соучесници биле и двајца Турци во раните дваесетти години, јавува Еуроњус.

Според обвинителот во Франкфурт којшто е надлежен за истрагата, тројцата осомничени во минатото се идентификувале како поддржувачи на ИСИС.

Во домот на главниот осомничен биле пронајдени супстанци и опрема за изработка на експлозиви, а обвинителството запленило документи и компјутерски податоци. Осомничените денеска се изведуваат пред надлежниот судија во Германија.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »