Press "Enter" to skip to content

Данска Банка: Убиен свиркачот кој го обелодени скандалот со перење пари

Во 2006 година, првиот заменик-претседател на Руската Централна банка, Андреј Козлов, се обиде да ги извести властите во Естонија за шемата на перење пари, која беше создадена во балтичкиот финансиски систем. Три месеци подоцна, тој беше мртов, на возраст од 44 години, а шемата подоцна ќе биде откриена како скандалот од Данске банка во вредност од 200 милијарди долари, според „Daily Beast“.

Danske Bank Tallinn

Данска Банка, Талин (Фото: Pjotr Mahhonin, CC BY-SA 4.0)

Најновите информации за скандалот доаѓаат од дипломатскиот канал на официјалните претставници на САД, објавуваат од магазинот. Овие официјални претставници почнале да го истражуваат патувањето на Козлов во Естонија, по неговата смрт. Сепак, величината на шемата, во тој момент била сеуште непозната.

Естонската филијала на Данске банка, најголемата банка во Данска, ги затвори сметките на неколку компании во 2013 година, откако открија дека истите се користат за перење на огромни суми на пари, меѓу другите и од страна на член на семејството на Владимир Путин и руската разузнавачка служба, ФСБ .

Обемот на испрани пари е неверојатен: повеќе од БДП-то на Естонија, и повеќе од годишната корпоративна добивка на Русија во тоа време.

Сомнителните активности вклучуваат околу $233 милијарди руски пари кои протекувале низ малата филијала на банката во Естонија, помеѓу 2007 и 2015 година. Банката вели дека постојат сомнежи дека вработените во таа филијала, активно им помагале на илјадници клиенти да ги заобиколат контролите за перење на пари.

Најновите информации покажуваат дека шемата би започнала пред 2007 година.

По играње на фудбалски натпревар во септември 2006 година, Козлов и неговиот возач беа убиени од тројца напаѓачи на паркингот на спортскиот комплекс.

Бидејќи тој бил вмешан во одземањето на лиценците на неколку мали банки, руските власти тврдеа дека тој најверојатно бил убиен од членови на криминална банда, според „Daily Beast“. Операторот на една од тие банки, Алексеј Френкел, беше обвинет и осуден на 19 години затвор.

Се чини дека постоеле повеќе сериозни закани за Козлов, од што претходно било познато.

Кога Козлов отпатувал за Естонија, тој побарал да се затворат неколку банкарски сметки, на состанокот со директорот на одделот за спречување на перење пари од Управата за финансиска супервизија на државата (ФСА), Андрес Палумаа.

Весникот “Daily Beast” сега објавува дека приказната никогаш не стигнала да биде меѓународна вест, бидејќи обемот на операцијата за перење пари не бил откриен, иако естонскиот истражувачки канал, Eesti Ekspress објавил за посетата во Талин.

Телеграмата покажува дека официјални претставници на САД отишле да зборуваат со Палума, откако била објавена оригиналната приказна. Во телеграмата е забележано: “Палума рече дека по предупредувањето дадено од Козлов, ФСА контактираше со нивните руски колеги во Москва, но Русите рекоа дека немаат информации за да ги поткрепат обвинувањата на Козлов”.

Весникот “Daily Beast” пишува дека ова може да довело до тоа руските службеници да бидат известени за обидите на Козлов да го затвори протокот на валкани пари.

Данске имала околу 200 сметки поврзани со „Рускиот пералник“, скандал кој OCCRP го разоткри, каде се гледаа повеќе од 20 милијарди долари испрани од Русија. Седумдесет и пет сметки беа поврзани со друга истрага на OCCRP наречена „Арапскиот пералник“.

САД исто така неодамна почна да го истражува перењето пари.

Властите не ја отвориле повторно истрагата за убиството на Козлов, објави “Daily beast”, дури и покрај сомневањата за вмешаноста на Френкел од меѓународната заедница.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »