Press "Enter" to skip to content

Бугарски функционери обвинети за пасошка измама

Обвинителите во Бугарија во петокот соопштија дека оваа недела уапсиле 20 лица, за издавање на лажни документи, поради што голем број странци добиле право на бугарско државјанство, а со тоа и пристап до ЕУ.

Софија, Бугарија (Фото: Боби Димитров)

Осомничените, меѓу кои и високи владини претставници, беа обвинети за поткуп и организиран криминал.

Изјавата на обвинителството во моментот не даде дополнителни информации, но подоцна идентификуваше еден од приведените како Петар Харалампиев, шеф на Државната агенција за Бугари во странство. Тој е осомничен за земање мито и за водење на организираната криминална група.

Според неговиот адвокат, Харалампиев ги негира обвиненијата.

Надлежните се сомневаат дека главниот секретар на агенцијата на Харалампиев исто така земал мито.

Нивните клиенти, наводно, биле од Македонија, Молдавија, Србија и Украина, сите земји во кое има големо бугарско малцинство, според Радио Слободна Европа / Радио Либерти.

Агенцијата печатела 40 лажни документи неделно, објави магазинот.

“Ова е најсериозен случај на корупција на високо ниво и не постои аналогија за него во модерна историја, бидејќи собравме конкретни докази за специфични кривични дела”, изјави за медиумите Иван Гешев, антикорупциски обвинител.

Оние што ги купувале лажните документи платиле до 9.000 американски долари за потврди дека имаат бугарско потекло, што ќе им овозможи да аплицираат за бугарски пасош. Откако ќе дојдат овие лажни документи, поединците можат да аплицираат за пасошот кој ќе им даде пристап до патување и работа во блокот на ЕУ.

Луѓето дури плаќале и повеќе за да го забрзаат процесот, според Ројтерс.

Властите им рекоа на новинарите дека постојат докази дека измамата започнала во 2017 година, само еден месец откако Харалампиев бил задолжен за агенцијата. Тие, исто така, истакнаа дека ништо не укажува на тоа дека странците од други делови на светот биле издадени лажна документација.

Скандалот доведе до тоа неколку политички партии да го повикаат вицепремиерот Валери Симеонов да поднесе оставка. Симеонов е технички одговорен за агенцијата.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »