Press "Enter" to skip to content

Британија го одобрила барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж

Саџид Џавид, британскиот министер за внатрешни работи ја потпишал одлуката за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД.

„Тој со право е зад решетки. Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе биде пред суд, а вчера го потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање која ќе биде пред судот“, изјави Џавид.

Со ова се отвора пат, Асанж да биде предаден на Американците кои го теретат основачот на Викиликс за шпионажа и хакирање.

Официјалното барање за екстрадиција од Министерството за правда на САД било испратено до Велика Британија на 6 јуни, објави „Вашингтон пост. “

Британската полиција на 11 април уапси Асанж, откако Еквадот го повлече азилот кој му беше даден.
Инаку, Асанж во 2012 година најде прибежиште во амбасадата на Еквадор во Лондон, откако британскиот суд наложи да биде испорачен на Шведска, каде беше обвинет за сексуален напад. Тоа обвинение во меѓувреме беше отфрлено.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »