Press "Enter" to skip to content

Аудио „бомба“: Градоначалникот на Шутка наводно тепа човек во кабинетот

Градоначалникот на Шутка од редовите на владејачката партија СДСМ е обвинет дека наводно измачувал и тепал непознато лице во својата канцеларија, откако во медиумите вчера се појави аудио снимка во којашто навводно се слуша гласот на градоначалникот Курто Дудуш. Новинскиот портал „Лидер“ којшто е дел од конзорциумот медиуми на Ем-медиа со унгарска сопственост, тврди дека материјалите со разговорите им биле доставено анонимно, од свиркач.

Градоначалникот Курто Дудуш се закани со тужби за медиумот и демантира дека ова се случило и во изјава дадена за порталот „Фокус“ сугерира дека снимките се монтирани.

„Ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени”, вели градоначалникот за Фокус.

Медиумот вчера објави 2 минутно видео, но по денешните изјави на градоначалникот дека тие се монтирани, денеска попладне е пуштено целото аудио во траење од 18 минути. Тие тврдат дека градоначалникот Курто Дудуш му се заканувал на новинарот којшто ја објави снимката, Љупчо Златев.

Со реакции се јавија и власта и опозицијата. Сите ги повикаа институциите на истражување на случајот, додека опозицијата бара и оставка од градоначалникот.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »