Press "Enter" to skip to content

Се што треба да знаете за претседателските избори 2019

Ова се шестите претседателски избори во земјава и првите избори откако е ратификуван Преспанскиот договор. Следниот претседател ќе биде петтиот претседател од независноста наваму и првиот претседател на Република Северна Македонија. Актуелниот претседател Ѓорге Иванов, којшто се противеше на Договорот со Грција, отслужи два мандата како претседател на републиката, односно максималниот број мандати за кои што може да се натпреварува еден граѓанин за оваа функција согласно Уставот.

Како се станува победник

Согласно Изборниот законик, во првиот круг еден кандидат може да стане претседател само ако освоил мнозинсто од гласовите од вкупнот број гласачи плус еден од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.

Во вториот круг излезноста треба да е 40 проценти за да може да се избере претседател.

Кандидати за претседател

Во трката се тројца кандидати, од кои што двајца се Македонци, еден е етнички Албанец. Двајца се мажи, еден е жена. Ова е втор пат жена да се трка за претседател, откако во 2009 година, Мируша Хоџа не успеа да влезе во вториот круг избори.

Иако секој од кандидатите е поддржан и финансиран од одредена политичка партија, во текот на кампањата сите кандидати инсистираат да бидат именувани како независни кандидати.

Што ако не се постигне цензус

Постигнување цензус е една од најпроблематичните теми. Голем број на партиски службеници, експерти и новинари изразија загриженост околу постигнување на цензусот. Некои од нив и ги обвинуваат двете големи партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека работат на тоа да не се оствари цензус, со цел да има предвремени парламентарни избори во септември. На кампањата на ВМРО-ДПМНЕ  се гледа како на кампања за парламентарни избори, додека пак кампањата на СДСМ, аналитичарот Алберт Муслиу ја оцени како не доволно видлива, со многу грешки во комуникацијата со јавноста, што остава впечаток дека тие имаат недостаток на интерес за истата. Други пак, на целата предизборна кампања на двајцата кандидати поддржани од СДСМ и ВМРО-ДПНЕ гледаат како на дуел помеѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Во интервју за ТВ21, премиерот Зоран Заев изјави дека очекува цензусот да се постигне:

 „Јас верувам дека ќе се постигне 40 отсто и секако не размислувам за бојкотот. Рената Десковска како прв правник во мојата Влада ми вика, имаш две варијанти – повторување на изборите, и можност да се смени Уставот и во него се две подможности – или да го тргнеш цензусот или да бираш претседател во Собранието. И што сега ќе мислам, мислам како ќе има цензус. И ќе има цензус, верувам дека ќе го постигнеме, затоа што верувам во граѓаните. Нема да ја остават вака државата да оди низ вода. Тоа ќе биде нова политичка криза“

Најголемиот предизвик за овие избори е цензусот и тоа кај албанскиот електорат. Главниот уредник на телевизијата Алсат, Назим Рашиди вели дека „погрeшна е перцепцијата дека нешто на овие избори ќе зависи од албанските гласачи“

„Најголемиот проблем е генералната апатија на гласачите која е последица на корупцјата, непотизмот и невработеноста особено кај младите албански гласачи. Но сепак албанскиот блок нема капацитет ншто да смени на овие избори од една единствена пирчина дека и тие се веќе изморени од ДУИ. Имајте на ум дека кај Албанците власта се уште не е сменета. Во првиот круг тие ќе излезат да гласаат за Река, не затоа што е Албанец, туку за да го покажат својот револт кон актуелните политики, а во вториот круг тешко ќе се анимира албанското гласчко тело од причина што ќе биде оставен само кандидатот кој е поддржан од ДУИ“, вели Рашиди.

Кои се претседателските кандидати:

Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата

Возраст: 56

Професија:

  • Универзитетски професор на приватниот универзитет во Скопје, „Американ Колеџ“. Предава меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација на факултетот за политички науки.
  • Национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО, назначен од Министерство за надворешни работи на Северна Македонија.

Слоган: „Заедно напред“

Стево Пендаровски ја започнал својата кариера како началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството. Тој беше главен советник за безбедност на поранешниот претседател Борис Трајковски и на претседателот Бранко Црвенковски. Од 2004 до 2005 година е Претседател на Државната изборна комисија. Иако никогаш не бил член на СДСМ, во последната деценија тој ги поддржување политиките на партијата и стана нивен кандидат за претседател на изборите во 2014, кога изгуби од Ѓорге Иванов. Тогашната опозиција, СДСМ ја обвини власта на ВМРО-ДПМНЕ за местење на изборите.

Во битката за претседателски кандидат на СДСМ се појавија три имиња – Сегашната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На внатрешните партиски анализи, Димитров беше во водство, но и покрај напорите на Заев да ја консолидира партијата кон еден натпартиски кандидат кој има најголема поддршка, тој не успеа да добие поддршка во јадрото на партијата за оваа номинација. Шеќеринска имаше многу ниски рејтинзи, исто како и Спасовски. На крајот, Пендаровски беше изборот кој донесе мир во куќа. Неговата кампања добива позитивен фидбек од медиумите, меѓудругото, и поради изразената поддршка кон владата од страна на меинстрим медиумите, меѓу кои и големи телевизии. Обвинувањата за злоупотреби кон власта во областа на владеење на право и скандалите поврзани со корупција, имаат негативно влијание на неговата кампања, додека јавноста од него бара одговори за овие проблеми.  СДСМ и Пендаровски ја фокусираат кампањата главно на успешниот Преспански договор, влезот во Нато и интеграциите во ЕУ.

Стево Пендаровски е критикуван дека не демонстрира своја автономија од владеачката партија и премиерот Зоран Заев. Критичарите го обвинуваат за злоупотреба на моќ и државни средства во кампањата и дека наместо да е портретиран како лидер, тој претставува компромис за мир во поделената партија на Заев.

Гордана Силјановска – Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ

Возраст: 63

Професија: Универзитетски професор на државниот универзитет во Скопје, „Св. Кирил и Методиј“, каде предава Уставно право од 1989 година.

Слоган: „Право и правда за сите“

Гордана Силјановска е најдобро позната преку нејзината универзитетска кариера и чести јавни настапи во изминатава деценија како експерт за право, изборни процеси и Уставот. Таа беше министерка без портфолио во првата политичка влада по независноста (1992-1994) предводена од СДСМ и премиерот Бранко Црвенковски. Таа во многу наврати ги критикуваше политиките на минатата и на сегашната власт, но во време на поголеми кризи како изборите во 2016, јавно ги поддржа ВМРО-ДПМНЕ. Таа беше против Договорот од Пржино и Законот за јазици, како и против Договорот од Преспа за што цврсто застана зад ставот дека името не смееше да биде променето. Во поголемиот дел од кампањата таа е фокусирана на Преспанскиот договор и на името. Нејзината маркетинг стратегија рефлектира фокус кон овие прашања и кон нејзино ветување дека ќе го ревидира договорот и ќе најде правен начин да го убие за да се започнат преговори за подобар договор.

Голем број од критичарите ја гледаат Силјановска како следниот Ѓорге Иванов, добро изрекламиран  пион на ВМРО-ДПМНЕ. „Тие повторно продаваат национализам преку златната уста на интелектуалец, што ќе биде уште едно разочарување и уште еден пион на Груевски кој ќе дојде на позиција“ – вели аналитичарот и новинар Сашо Ордановски. Кандидатот Стево Пендаровски ја нарече „волк маскиран во јагне“.

Блерим Река, поддржан од Алијанса на Албанците

Возраст: 59

Професија: Професор на универзитетот Југоисточна Европа, каде предава меѓународно право, меѓународни односи и Право на ЕУ од 2002.

Слоган: „Река за Републиката“

Блерим Река е вториот етнички албанец кој е во трка за претседател, откако Имер Селмани, основачот на поранешната политичка партија Нова Демократија се кандидираше во 2009 и собра 15 проценти од гласачите, од кои половина беа македонци. Многумина се надеваат дека Река ќе биде следниот македонски Обама, земајќи дел од македонското гласачко тело, иако шансите се мали до речиси невозможни. Дипломирал и магистрирал на правниот факултет во Универзитетот во Приштина.  Тој докторирал на смерот: меѓународно јавно право, во заедничката докторска програма на Универзитетот во Приштина и Универзитетот во Грац, Виена.

Река од 2006-2010 беше Амбасадор – Шеф на Мисијата на Република Македонија при ЕУ во Брисел. Тој беше и на позицијата советник на претседателот на Косово за европски интеграции. Река е член е на Советот за Европски Интеграции на МАНУ и експерт за поглавјето 24 во Националниот Конвент за интегрција на Република Македонија во ЕУ. Тој во последен момент се одлучи да се кандидира и ја освои јавноста со првата претседателска дебата кога се претстави себе како скромен интелектуалец со позитивно и прагматично размислување, осетлив кон откажувањето на македонците од името, но реалист кој е за влез во ЕУ и НАТО, за диверзитет и критичен кон проблемите во владеење на право. Тој ја објави својата кандидатура на својот фејсбук профил на македонски и албански јазик – „Етичен кандидат за држава за сите нас!“ За разлика од останатите кандидати, Река не трошеше многу на својата кампања, а поголемиот дел од митинзите се одржуваа на јавни места како центри за култура и центри за млади. Тој е про ЕУ, про НАТО и го поддржува Преспанскиот договор.

Многумина се прашуваа зошто професорот Блерим Река оди со поддршка од Зијадин Села и Беса, на кои се гледа како на цврсти националисти, дури и религиозни фанатици. Експертите велат на ова се гледа како на победа за двете страни – Села и Беса сакаат да ги го преземат гласачкото тело и поддржувачите на ДУИ, а Река сака да остави впечаток дека влегува во политика на големата сцена, за што претседателските избори се најсоодветни. Река имаше несогласувања со ДУИ во изминатите неколку години кога не беше избран за ректор на Универзитетот каде ДУИ има значајно влијание. Во изминатата година тој беше гласен критичар на владејачката коалиција, со главниот фокус свртен кон ДУИ.

Кандидатите за Преспанскиот договор

За време на кампањата често се зборуваше за Договорот од Преспа и влезот во НАТО. Тројцата претседателски кандидати во неколку наврати ги изјаснија своите ставови по повод  ова проблематично прашање.

Стево Пендаровски на претседателска дебата за Телевизија Сител:

„Ние сме мала земја и потребно ни е партнерство за да ја заштитиме нашата држава и да обезбедиме мир тука. Поседуваме мали човечки, финансиски и воени ресурси и не можеме да преживееме сами. Со Преспанскиот договор ние ја загарнтиравме нашата иднина.“

Гордана Силјановска – Давкова на претседателската дебата на Телевизија Сител:

„Како што кажав, јас ќе го почитувам владеењето на правото и со тоа ќе го почитувам и Договорот и ќе го користам официјалното име на државата, но во мојот приватен живот, ќе го задржам своето право да не го користам тоа име.

Блерим Река во дебата на МРТВ

„За 6 месеци ние ќе станеме рамноправен член на НАТО. Ова е реалноста. За мене ова е завршена работа и е најдоброто за оваа држава. Ако Албанците сакаа да бидат дел од некоја голема Албанија, немаше да го поддржат договорот од Преспа, затоа што НАТО значи гаранција за физичкиот интегритет на земјата. Но тие го поддржаа, затоа што се патриоти.“

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.