Press "Enter" to skip to content

ЗНМ со осуда на турската амбасада во Македонија која весникот „Заман“ го нарече терористички

Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува реакцијата на турската амбасада во Скопје, која весникот „Заман Македонија“ што излегува во Македонија, го нарече терористички билтен на ФЕТО, се вели во соопштението на ЗНМ испратено по реакциите на турската амбасада која што ја обвини владата дека финансира „терористички“ весник откако „Заман“ доби поддршка од 15, 000 евра владини субвенции.
„За еден весник, кој 25 години излегува во Македонија да се каже дека е терористички билтен на било која организација, е скандалозен повик за линч на неистомислениците. Очекуваме дека и останатите државни институции ќе го осудат овој чин кој е во насока на задушување на слободната мисла.
Ги охрабруваме колегите од „Заман Македонија“ да продолжат со својата работа и им нудиме натамошна поддршка во насока на информирање на Меѓународната федерација на новинари за притисоците со кои оваа редакција се соочува во своето работење во Македонија.
Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »