Со доза скромност, но и гордост затоа што е првата жена кандидат за претседател на државата, професорката Гордана Силјановска Давкова се претставува на митинзите и средбите со граѓани низ градовите во Македонија.
Силјановска Давкова, која е поддржана од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека Македонија е подготвена за жена претседател. Таа ветува дека во кабинетот и секаде каде што може ќе се опкружи со способни жени. Нагласува дека родот нема да биде единствен критериум по кој ќе бира своите соработници, но во својот мандат ако биде избрана за претседател ќе придонесе кон родовата еднаквост на раководните позиции во Македонија.
Како професор на Правниот факултет, Силјановска нагласува дека дека владеењето на правото ќе биде меѓу највисоките приоритети во нејзиниот мандат. Вели дека Македонија е секогаш на прво место кога станува збор за корупцијата во високите кругови, а дека граѓаните го следат примерот кој им го даваат политичирите. Од оваа причина, Силјановска вели дека борбата со корупцијата и криминалот мора да започне од врвот.
Силјановска во неделата држеше митинг во Велес. Средбата со велешани беше закажана на плоштадот во 20.30 часот. Бината, знамињата и транспарентите почнаа да се поставуваат нешто по 18 часот, а граѓаните еден по еден почнаа да пристигаат речиси еден час пред закажаниот термин.
Во близина на една затворена трафика која се наоѓа спорти полоштадот се делеа маички и капчиња на кои пишуваше „Правда за Македонија“ и „Гордана Силјановска Давкова за претседател“.
Видливо беше дека на митингот нема неопределени гласачи. Ресиси секој присутен, па дури и децата на себе имаа некакво партиско обележје. Направивме кратка анкета со граѓаните зошто се дојдени и што очекуваат од новиот претседател.
Некои сметаат дека Силјановска ќе биде подобра од претходните претседатели само затоа што е жена, други пак без очекувања, дошле само да изразат поддршка.
Почетокот на митингот доцнеше, па додека се чекаше да пристигне кандидатката заедно со партиските функционери, граѓаните се забавуваа пеејќи партиотски песни.
Силјановска во Велес пристигна со мало задоцнување. Кон масата народ се доближија со химната на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно со неа чекореа лидеорт на партијата Христијан Мицковски и од други партиски фунцкионери. Пред да започнат говорите на политичарите, пејачката Андријана Јаневска ја испеа македонската химна.
Целиот митинг траеше нешто повеќе од еден час. Иако на моменти проросуваше, ниту граѓаните ниту политичарите се повлекоа. Прва пред насобраниот народ се обрати Силјановска.
Во нејзиниот говор многу малку можеше да се слушне што таа ќе направи ако биде избрана за претседател, а многу повеќе за нелојалноста, некомпетентноста на власта, како и за лошиот договор кој Владата го постигнала за промената на уставното име. Многу често Силлјановска во своето обраќање го споменуваше „светото име Македонија“, химната на државата и минатото од кое како што вели во ниту еден случај не смееме да се откажеме.
Сличен беше и говорот на лидерот Мицковски. Во неговото обраќање ретко можеше да се слушне како тој и неговата партија со конкретни примери би го подобриле животот на граѓаните. Обвинувањата кон власта беа пречести, а најчесто споменувани зборови во неговиот говор пред велешани беа Европа, достоинство, минато, химна, историја и Македонија.
Ја прашавме професорката како се чувствува во оваа кампања бидејќи со години како експерт на ОБСЕ-ОДИХР велеше дека пренагласената кампања и претераното трошење пари во изборните кампањи треба да се забранат.
Иако прв пат се соочува со вакво секојдневно темпо, професорката вели дека е во полна сила да продолжи со кампањата. На почетокот вели и било тешко да се вклопи со напорниот распоред, но силата за продолжи ја добивала од граѓаните.