Press "Enter" to skip to content

Убиен истражувачки новинар во Гана којшто откри корупција во ФИФА

Непознати лица убија истражувачки  новинар од африканската држава Гана кој што обелодени голем корупциски случај во африканскиот фудбал.

(Фотографија: Ахмед Хусеин-Суале. Извор: НЕТ2)

Во новинарот Ахмед Хусеин-Суале е  пукано во средата вечер со три куршума – два во градите и еден во вратот. Убијците пукале во него додека тој се  возел во својот автомобил по работното време, а се упатил дома.

Хусенин-Суале беше дел од истражувачкит  тим наречен Тајгер Ај (Окото на тигарот), а приказните на новинарите доведоа до парична казна и доживотна забрана работа во фудбалот за Квеси Нуантаки, член на Советот на ФИФА и поранешен член на Фудбалската асоцијација од Гана. Нуантаки беше снимен како зема мито од 65,000 долари.

Освен Нуантаки, уште 53 службеници добија забрани или беа суспендирани. По објавувањето на документарецот на ББС за овој проект уште минатат година, пратеникот во парламентот на Гана Кенеди Агуапонг отворено ги охрабруваше граѓаните да го нападнат новинарот и неговиот тим.

Минатата година е година на најголемо насилство врз новинарите

Вкупно 80 новинари биле убиени во 2018 година, 348 се во затвор, а 60 се заложници, покажа годишниот извештај на Репортери без граници. Тој бележи најголем степен на непријателство кон медиумските работници.

Бројките се зголемени во сите категории. Убиствата, затворањето, заложништвото и насилните исчезнувања се зголемија. Новинарите никогаш порано не биле подложени на насилство како во 2018 година, стои во извештајот.

Бројката на убиени новинари се зголемила за 15 проценти – од 55 во 2017 до 63 година годинава, иако овој број се намалуваше во текот на претходните три години.

Убиството на саудискиот колумнист Џамал ​​Кашоги и младиот словачки новинар Јан Куцијак покажа до каде се подготвени да одат непријателите на слободата на печатот. Повеќе од половина од новинарите се намерно убиени во 2018 година.

„Насилството врз новинарите годинава достигна невидени нивоа и ситуацијата е критична”, вели генералниот секретар на „Репортери без граници“, Кристоф Делоар.

„Изразената омраза кон новинарите, а понекогаш и отворено прокламирана од бескрупулозните политичари, верски лидери и бизнисмени, има трагични последици на терен и се рефлектира во ова вознемирувачко зголемување на насилството врз новинарите“.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »