Press "Enter" to skip to content

Турска новинарка затворена поради истражување за поранешниот премиер во аферата „Рајски документи“

Турската новинарска Пелин Инкер е осудена на затвор поради нејзиното учество во глобалното истражување кое потекна од протечените документи од аферата „Рајски доокументи“.

Таа е осудена поради наводно клеветење на поранешниот премиер Бинали Јилдирим и неговите двајца синови. Судот во Истанбул ја осуди новинарката и членка на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари на 13 месеци затвор поради „клевета и навреда“.

Новинаркта известуваше за Јилдирим и неговите двајца синови кои тајно поседуваа компании во Малта. Весникот „Кумхуриет“, исто така беше казнетт со 1615  долари казна.

Поранешниот премиер во мај 2016 година беше избран за спикер во турскиот парламент откако фунцкијата премиер беше укината.

Адвокатот на новинарката тврди дека новинарката не само што е осудена за истражувања кои се во сферата на јавниот интерес и се добро документирани со неспорни факти и аргументи, туку истата била судена и за текстови кои не ги напишала, а се објавувале насекаде низ светот во времето кога „пукна“ аферата „Рајски документи“ која откри како богатите во светот трупаат богатство и одбегнуваат даноци користејќи услуги на елитни компании какви што светот досега видел само на филмови.

„Во демократско општество, слободните медиуми имаат должност кон јавноста. Тие се обврзани д ги откријат документите и да ги раскажат приказните од јавен интерес“, рече Пелин по пресудата. Таа е мајка на 13-месечно бебе.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »