Press "Enter" to skip to content

Станко Суботиќ ќе заработи најмалку 28 милиони евра од концесија на аеродромот во Белград

Новинар: Драгана Пеќо КРИК (www.krik.rs)

Српскиот бизнисменот со криминални врски Станко Суботиќ ќе заработи најмалку 28 милиони евра од концесија на аеродромот во Белград, открива порталот КРИК од Србија. Иако владата на Србија го крие договорот за концесија, новинарите на КРИК дојдоа до документи кои покажуваат дека значаен дел од парите за инвестирање ќе бидат потрошени за купување на земјиште за проширување на аеродромот, а сопственикот на најголем дел од земјиштето го управува токму Суботиќ.

Доделувањето на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ под концесија на француската компанија „Ванси“ е една од најголемите бизнис зделки на владата на Србија оваа година.

Србија од концесијата на аеродромот на 25 години ќе добие 501 милион евра од „Ванси“, која има обврска и да инвестира дополнителни 732 милиони евра. Во текот на концесијата францускиот концерн ќе плаќа и годишна такса чија висина ќе зависи од заработката на аеродромот.

„Презадоволен сум од овој успех на Србија“, рече претседателот Александар Вучиќ на 5 јануари, кога владата на Србија обелодени дека „Ванси“ победи на тендерот за концесија.

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград/Фото: КРИК

Причина за славење ќе има и познатиот контроверзен српски бизнисмен Станко Суботиќ.

Имено, наредните години аеродромот ќе се проширува токму на земјиштето кое е во сопственост на Суботиќ, покажува документацијата до која дојде и ја анализираше КРИК и ОССРП. Владата на Србија го држи во тајност договорот за концесија со „Ванси“, како и неговите додатоци, но новинарите успеаја да дојдат до копија од документацијата.

Еден дел од договорот – документот „Минимални технички барања“ – открива дека значаен дел од парите наменет за инвестирање на аеродромот ќе бидат потрошени за купување на земјиште за негово проширување. Цената на квадратен метар земја, според податоците од документот, се проценува на 100 евра. Не е познато кога ќе дојде до проширување, но сигурно ќе се случи во наредните пет години.
Од аеродромот „Никола Тесла“ до КРИК го доставија списокот на парцели на кои ќе се врши проширувањето. Токму на тој дел Станко Суботиќ има парцели од вкупно 28 хектари што го прави најголем индивидуален сопственик на земјиштето наменето за проширување.

Од земјиштето, кога ќе се продаде аеродромот, Суботиќ ќе заработи најмалку 28 милиони евра, открива КРИК.
Очигледно Суботиќ веќе се подготвува за продажба бидејќи компанијата „Пош пропертис“, преку чие посредство ја поседува земјата, на 12 септември во катастар поднела барање за спојување на некои од парцелите.

Суботиќ поседува многу парцели во непосредна близина на аеродромот, но од документацијата до која дојдоа новинарите не е јасно дали во иднина аеродромот ќе ги купи сите.

Документацијата покажува дека „Ванси“ откако ја добила концесијата, од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) побарала заем од 100 милиони евра за да има доволно пари за концесијата и да инвестира во аеродромот во првите четири години – за што е потребно 980 милиони евра.
Суботиќ, кој има и швајцарско државјанство и кој во 2007 година беше меѓу најбогатите луѓе во Централна и Источна Европа, во Србија беше обвинет за организиран шверц на цигари.

После долгогодишно судење, дел од случајот застаре, а за другиот дел кон крајот на 2015 година Суботиќ беше ослободен. После тоа повисокиот суд утврди дека судиите незаконски ги отфрлиле доказите против него и го ослободиле.

За шверц на цигари Суботиќ беше обвинет и во Италија, но и тие обвиненија беа отфрлени. Во истиот случај беше обвинет и неговиот близок пријател – црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Пријател и деловен партнер на Суботиќ му е нарко босот Дарко Шариќ на кој му се суди за шверц на скоро шест тони кокаин и перење на повеќе од 22 милиони евра.

Односот на овој контроверзен бизнисмен со претседателот на Србија Александар Вучиќ не е јасен.
Во октомври 2007 престојуваа во ист ден во хотелот Риц во Париз, во време кога Вучиќ беше еден од истакнатите опозиционери на Српската радикална партија. Поранешните сопартијци на Вучиќ во јавноста г о обвинија дека бил во Париз за да земе пари за изборна кампања од Суботиќ.
Вучиќ ги негираше овие обвиненија.

Во претходно интервју за КРИК потврди дека тогаш престојувал во ист хотел како и Суботиќ, но дека не биле во исто друштво. Рече дека овој контроверзен бизнисмен ниту еден динар не уплатил во Српската напредна странка.

Суботиќ во јавноста исто така негираше дека е близок со власта која ја предводи СНС, и изјави дека само гласал за Александар Вучиќ.

„На власт конечно се луѓе на кои Србија им е на прво место“, рече Суботиќ во едно интервју.

Суботиќ не се одѕва на повикот за интервју кое новинарите на КРИК му го испратија преку неговиот адвокат.

Ниви вредни десетици милиони евра

Во непосредна близина на аеродромот Суботиќ поседува парцели кои се простираат на повеќе од 111 хектари.
Не е познато кога точно Суботиќ ја купил таа земја бидејќи катастарот не им достави такви податоци на новинарите на КРИК. Документацијата која новинарите ја собраа укажува дека ја поседува повеќе од десет години.

Во тоа време Суботиќ можел да знае дека дел од купената земја еден ден ќе вреди десет пати повеќе. Проширувањето на аеродромот беше предвидено со Деталниот урбанистички план од 1989 година.
Откако ја купи земјата, Суботиќ сопственоста ја префрли од една на друга негова компанија.
Првично беше во сопственост на „Д-трејд“, фирма која под имети „Миа“ е основана во 1991 година. Оваа компанија според доказите на српското обвинителство била користена за шверц на цигари.
Во мај 2008 година, „Д-трејд“ ја основа фирмата ќерка „Порш пропертис“ и земјата ја префрла на нејзино име.

Два месеци после оваа трансакција, во март 2008 година, Суботиќ ангажираше судски вештак за да изврши проценка на вредноста на комплетното земјиште кое го поседува околу аеродромот.

Новинарите на КРИК дојдоа до копија на тој документ, во кој измеѓу другото пишува дека квадратен метар во тоа време бил само шест евра.

Во тоа време Суботиќ се наоѓа во Швајцарија, заштитен од српските органи кои во ноември 2007 година го обвинија за учество во шверц на цигари и по него распишаа меѓународна потерница.

Станко Суботиќ

Криминални врски

Додека му се судеше во Србија, Суботиќ во Женева тврдеше дека дотогашната владејачка партија Демократска странка на Србија и Демократска странка му ги фингира обвиненијата.
Обвинителството му стави на товар дека организирал група која во текот на 1995 и 1996 година шверцувала цигари и избегнувала плаќање на данок со што ја оштетил државата за околу 30 милиони евра. Начинот за цигарите без евиденција да се внесат во земјата и потоа да се продадат на црниот пазар, според тврдењата на обвинителството, го смислиле Суботиќ и Михаљ Кертес, тогашен директор на српската царина. Двајцата беа обвинети за злоупотреба на службената положба.

Суботиќ во 2011 година беше осуден со првостепена пресуда на шест години затвор.

Следната година во Србија се смени власта и на чело на државата дојде Српската напредна странка.
Осудителната пресуда е укината во 2013 година и случајот се врати на повторно судење. Две години покасно поедини дела од обвинението застареа, додека за останатите дела беше отфрлено. Во декември 2015 година, Суботиќ беше ослободен.

Подоцна, Врховниот суд утврди дека судиите кои го ослободија Суботиќ го прекршиле законот. Но, тоа не влијаеше на ослободителната пресуда бидејќи судот во таа постапка само утврдуваше дали е прекршен законот, не задирајќи во правосилната пресуда.

Поради шверц на цигари Суботиќ е обвинет во Италија, но и тоа обвинение е отфрлено. Во истиот случај е обвинет и неговиот близок пријател Мило Ѓукановиќ, кој на власт во Црна Гора е во последните 27 години.
Суботиќ има и други интересни пријателства и врски. Неговото име се појави неколку пати во документите од меѓународната истрага „Балкански ратник“ водена против групата на нарко босот Дарко Шариќ на кој во Србија му се суди за шверц на близу шест тони кокаин и испрани повеќе од 22 милиони евра.
Меѓутоа Суботиќ никогаш не беше обвинет за соработка со Шариќ.

Во дописот кој американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА) го испрати на аргентинската полиција во септември 2009 година, Станко Суботиќ е означен како член на криминалната организација на Шариќ, но во извештајот на ДЕА нема детали за неговото учество во групата.

За врските меѓу Суботиќ и Шариќ зборуваше и Небојша Јоксовиќ, некогашен близок пријател на Шариќ кој стана сведок. Тој на суд изјави дека Шариќ му рекол дека Суботиќ од него позајмил 6,5 милиони евра, покажуваат судските документи до кои дојде КРИК.

Како што претходно откри ОССРП, компанијата на Суботиќ имала кредит од Прва банка, чиј сопственик е братот на Мило Ѓукановиќ – Ацо Ѓукановиќ. Гаранциите за кредитот ги дала токму фирмата на Шариќ во 2009 година, кога Шариќ беше под истрага.

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.