Press "Enter" to skip to content

Српскиот милионер Мирослав Мишковиќ осуден на две и пол години затвор

Српскиот милионер Мирослав Мишковиќ, сопственик на компанијата Делта Холдинг е осуден нa две и пол години затвор, а неговиот син Марко на една година домашен притвор. Двајцата се товарат за даночно затајување и поттикнување на даночно затајување.

Во повторената судска постапка, која трае веќе шест години, осуден е и сопственикот на Нибенс корпорацијата Мило Ѓурашковиќ на четири години и три месеци затвор. Сите тројца во рок од три месеци од правосилноста на пресудата ќе треба на име на неплатен данок да платат 23,6 милиони евра отштета.

Мирослав и Марко Мишковиќ се осудени за затајување на данок при вложувањето на акции во Претпријатието за патишта Ниш од една од фирмите сопственост на Марко Миршковиќ во друга фирма.

Според обвинението на Обвинителството за организиран криминал Марко Мишковиќ со посредство на компанијата „Пармидоли“ бил краен газда на фирмата „Мера Инвестмент Фонд“ регистрирана на егзотичниот остров Курасао кој припаѓа на Холандските Антили.

Мера Инвестмент Фонд“ ја основала компанијата „Мера Инвест“ во Србија и тоа со цел затајување на данок, пишува во обвинението. Обвинителството тврди дека од странската „Мера“ се префрлани акции во „Претпријатието за патишта Ниш“ и во домашната „Мера“ при тоа да се избегне плаќање на данок.

Одбраната на Мишковиќ од почетокот инистираше на тоа дека постапката е отворена под политички притисок. Како што истакнуваа, во случајот не треба да се плати данок според српските закони, бидејќи при преносот на акции не е остварен приход, што е услов за задолжително плаќање на данок.

Мишковиќ беше уапсен во декември 2012 година, а неговото апсење во јавноста беше прикажано како доказ дека новата влада на Александар Вучиќ одлучно ањ бори против корупцијата.

Во Србија се покажаа две работи, а тоа е дека не постојат заштитени, не постојат недопирливи и втора работа е дека државата е посилна од секој од нас“, рече Вучиќ по апсењето на Мишковиќ.

Бизнисменот во притвор помина седум месеци по што беше пуштен да се брани од слобода со кауција од 12 милиони евра што е најголема сума во српското судство.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »