Press "Enter" to skip to content

Собраниската комисија одлучи разрешување на Катица Јанева

Без позначајна дискусија, собраниската Комисија за избори и именувања донесе одлука да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Комисијата без дискусија, со едногласна одлука, го утврди предлогот до Собранието госпоѓата Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјална јавна обвинителка заради незаконито, несовесно и нестручно раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство“, изјави Димовски по седницата, која беше затворена за јавноста поради класифицираниот извештај од Советот за јавни обвинители.

Одлуката на комисијата, според процедурата, ќе се најде кај собранискиот спикер Талат Џафери, кој треба да закаже пленарна седница, на која ќе се гласа за разрешување на Јанева. За таков исход потребно е двотретинско мнозинство, но според очекувањата, има сосгласност од партиите, што истото би било само формален чекор.

Јанева е во притвор од 21 август, осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во т.н случај „Рекет“.

Вчера, Јанева од притвор испратила писмо до Специјалното јавно обвинителство со кое колегите ги известила дека предметите му ги отстапува на Јавното обвинителство. Писмото од СЈО е препратено до државниот обвинител Јовески, кој во рок од три дена треба да се изјасни што ќе прави со предметите на Јанева.

Мандатот на Јанева и истекуваше на 15 септември, а за иднината на предметите од СЈО, односно како истите ќе се водат, ќе се знае повеќе по одлуката на Јовески.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »