Press "Enter" to skip to content

Случајот „Монструм“ се врати во рацете на Фетаи и Бубевски

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски денеска им го врати случајот „Монструм“ на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Јовески вели дека приоритет на државното обвинителство се предметите кои се во судска постапка, за истрагите и предистрагите дополнително ќе се одлучува.

„Приоритет ни се предметите кои веќе се во судска постапка. Насокоро ќе донесеме и одлука за тоа кои обвинители ќе ги застапуваат и другите предмети преземени од СЈО“, вели Јовески.

Судењето за „Монструм“ треба да продолжи утре.

По одлуката на Советот на ЈО да се вратат во матичните обвинителства велат неизвесно е дали тоа ќе биде трајно решение или ќе се оди на варијантата што ја спомена Колевски со нова систематизација да се зголеми бројот на места во Организиран криминал и корупција и по спроведен конкурс да преминат таму.

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев вчера во изјава за ИРЛ рече дека предмети кои ги води Државното јавно обвинителство можат да работат само обвинители во ова обвинителство.

„Со оглед на фактот што предметите ќе ги земе Јавниот обвинител на Македонија заедно со предметите тој треба да ги земе и обвинителите од СЈО. Тоа значи дека Советот на обвинители треба да ги именува во обвинители на државното обвинителство, и така ќе добијат овластувања да можат да ги застапуваат и да ги водат понатаму истрагите. Ниту еден друг обвнител од друго обвинителство не може да работи на овие случаи. Ова нема никаква логика, личи како свесно да го прават ова за да ги уништат предметите“, вели Илиев.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »