„Скорениот буџет за 2020 е популистички со единствена цел купување на гласови од граѓаните. Тоа не е буџет за развој на економијата“.
Вака поранешниот министер за финансии, Трајко Славески го коментира буџетот за следната година. Според него, власта не планира да вложува во изградба на нови патишта, училишта и други инфраструктурни објекти.
„Средствата што не се вложуваат во инфраструктура, во изградба на нови училишта, изградба и адаптација на болници пулистички се наменуваат за тековни трошења, за пораст на платите во администрацијата, пораст на платите во разни дејности, за социјални издатоци. Ова се потреби кои треба да се задоволат за голем број на граѓани, ама зголемување на пример на средствата за социјална заштита за цели 140 милиони евра како што е предвидено во наредниот буџет, тоа значи дека владата се подготвува, жртвувајќи ја иднината на економијата и дури и на развојот на земјата, од популистички побуди да ги поткупува гласачите“, вели Славески.