Press "Enter" to skip to content

Северна Македонија добива претседател, во СДСМ нарачаа кетеринг

Цензусот е исполнет. Изборите се успешни. Според последните податоци од ДИК, до 18.30 часот на гласање излегле 44,55 проценти од граѓаните со право на глас. Во СДСМ велат „Стево Пендаровски води“. Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот. 

Известуваат: Давид Илиески од штабот на СДСМ и Александра Денковска од штабот на ВМРО-ДПМНЕ:

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште во 17.30 часот пристигна во централата на СДСМ. Таму се и функцинерите од врвот на партијата – Дамјан Манчевски, Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов и луѓето кои се дел од тимот на Пендаровски. Засега се уште никој од нив не се симнува во прес центарот, сите се наоѓаат на горниот кат во зградата. Но, нашиот репортер забележа како пристигнуваат послужавниците со храна која ја нарачале во штабот. Закуските се носат на горните катови каде што се наоѓа  раководството на партијата. Долу се новинарите и обичното членство. Тие си честитаат меѓу себе, а атмосферата делува победнички.

„Нашите иницијални анализи велат дека Стево Пендаровкси води и очекуваме победа“, рече Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ во кусото обраќање од претставниците.

„Рано е да се каже од овие првични 6,000 гласа кои се пребројани“, вели политичкиот аналитичар Емил Кирјас во отвореното студио на „Телма“.

Келнери носат закуска за високото партиско раководство во СДСМ/ФОТО: ИРЛ

Кандидатот на  СДСМ Стево Пендаровски по гласањето денеска изјави дека очекува убедлива победа.

Новинари во прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ во очекување на првата прес конференција/ФОТО: ИРЛ

Тивко во белата палата

Во ВМРО-ДПМНЕ е тивко. Десетици новинари и  и дузина новинари сниматели се во прес центарот, но се уште не се појавиле високите партиски функционери. Нашите репортери од терен јавуват дека на горните катови во таканаречената Бела палата или партиското седиште на опозицијата е собрано раководството. Првата прес конференција се очекува наскоро.

Маалските деца возат скејтборд пред платото на седиштето на ВМРО-ДППМНЕ

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »