Press "Enter" to skip to content

Ременски тврди дека не ги познавала Камчев и Јанева, со Јовановски само другарувале

Пратеничката на СДСМ и почесна претседателка на Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски, денеска ги отфрла сите поврзувања со осомничените од „Рекет“. За повеќето од нив таа вели дека ги познава само од телевизија.

Ременски по тричасовниот распит во Обвинителството, каде даваше исказ како почесен претседател на невладината организација на Бојан Јовановски, даде изјава за новинарите во која ги демантираше шпекулациите за нејзината поврзаност во случајот „Рекет“.

„Почесното претседателство или членство, во ниту еден момент не подразбира формално правна обврска за било какво учество и одлучување во органи на невладината организација. Самиот термин почесно претседателство се дава како еден вид на признание за одредени активности во сфера која можеби допира активности на организацијата каде сте прогласени како почесен член“, изјави Ременски. 

Во однос на нејзините лични релации со осомничениот Бојан Јовановски, кои беа предмет на бурни реакции во јавноста, Ременски тоа го оправда со генерализирање и неосновано тврдење дека секој човек се нашол во ваква слична ситуација.

„Сите ние имаме ситуации во животот кога другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе што можеби сториле или не сториле нешто, а сме биле со нив во некаква комуникација. Тоа не значи дека повлекува некоја грижа на совест, особено ако не се однесува на дејствија кои се поврзани со нас“, додаде Ременски.

Пратеничката додаде дека било кој, кој бил спомнат во случајот „Рекет“ или пак имал фотографии со Бојан Јовановски, може да биде прашање од интерес на надлежни институцции, но не може и не смее да биде прашање на првична осуда.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »