Press "Enter" to skip to content

Разгледница од Паланка: Очи широко затворени или зошто не ја гледаме пропаста на Североистокот

Ако ве интересира кој ги информира жителите во градовите надвор од Скопје, имајте на ум дека работите се променети после една деценија длабока корупција која доведе од истребување на локалните медиуми. Но, дали се променети на подобро. Локални медиуми речиси и нема, но затоа општините и институциите  имаат вработени новинари, пишувачи на постови на социјалните мрежи, фотографи, сниматели. Цели видео продукции работат за нив. Се е околу пиарот кој што се продава спакуван како информација.  Она што го нема и за кое што никој не зборува е правото на граѓаните тие самите преку слободниот збор да одредат стража над одговорноста и надзор на процесот на носење одлуки во нивно име – тоа одамна го нема.

Македонија во последната деценија остана речиси без локални и регионални медиуми. Дописниците се сведени на минимум, а во некои региони воопшто нема медиуми повеќе од една деценија. Добар дел од овие медиуми се затворија поради клиенталистичките и коруптивни врски на сопствениците, бизнисмените и политичките партии. Во услови кога сите медиуми се концентирани во Скопје, локалните и државните институции на локално ниво се оставени без никаков надзор. Тимот на ИРЛ мина две недели во Крива Паланка и во соработка со локалните жители жедни за видливост на нивните проблеми ги одбравме четирите приоритетни теми кои ги засегаат луѓето во Североисточниот регион. Во Крива Паланка направивме модерна видео прикзна која согласно светските видео стандарди и иновативен видео раскажувачки пристап, односно објаснувачки процес, ви ги носиме приказните кои заслужуваат внимание од јавноста. Оваа сторија покажува какви се ефектите и како навистина изгледа да се нема медиум.

Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »