Press "Enter" to skip to content

Притворен е Сашо Мијалков

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е приведен од хотелот Мериот и однесен во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Од СЈО за ИРЛ изјавија дека Мијалков е притворен за случајот „Тврдина – Таргет“ за масовното нелегално прислушување и му е одреден 30 дневен притвор.

Директорот на затворот Ѓоко Котевски ни потврди дека вечерва во Шутка донесен Мијалков.

Сашо Мијалков

Пред само една недела специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека нема да бара притвoр за Сашо Мијалков кој е еден од обвинетите и во случајот „Империја“.

„Има веќе мерки за Сашо Мијалков и тој ги почитува мерките, како што ги почитуваше и Никола Груевски, се појавува на суд и сметавме дека е доволно. Сега веќе ќе се прават други проценки, но мислам дека за Сашо Мијалков нема да се бара притвор“, кажа Јанева.

Приведувањето на Мијалков доаѓа во време на сериозна политичка криза поттикната од бегството на неговиот братучед Груевски. Денеска унгарските власти му одобрија азил на Груевски, а тој самиот тоа го соопшти на социјалните мрежи.

Владата на РМ беше под голем меѓународен и домашен притисок не само да излезе со детали за истрагата во врска со начинот на кој Груевски избегал од Македонија, туку од неа се бара одговор и на низата шпекулации дена можеби станува збор за политички договор и дека братучедите ќе ја избегнат правдата.

Мијалков се уште не е осуден во ниту процес.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »