Поранешен вработен во Мосак Фонсека, панамската адвокатска компанија во центарот на скандалот „Документите од Панама“ од каде што протекоа повеќе од 11,5 милиони правни и финансиски документи, беше екстрадитиран во Германија во средата во врска со меѓународно даночно затајување кое е дел од истрагата, ова го соопштија германските медиуми.
Дик Брауер , германски инвестициски банкар кој работеше во Мосак Фонсека, беше уапсен во Париз кон крајот на минатат година. Тој неколку пати е обвинет во отсуство во САД поради сомнежи дека на своите клиенти им помагал да исперат пари со цел да на платат даноци. Само во САД тоа го правел повеќе од една деценија.
Според обвинителите во САД, Брауер и неговите соработници им асистирале на клиентите на Мосак Фонсека во криењето на нивното богаство со „измамнички и нечесни средства“, вклучувајќи цели низи од оф шор компании направени со лажни документи.
Поконкретно, во обвиниението се вели дека Брауер креирал и продавал разни оф шор компании и фондации во Панама, Хонг-Конг и Британските девствени острови со цел да го сокрие идентитетот на вистинските сопственици – негови клиенти.
Во САД е обвинет и за перење пари и даночно затајување во друго обвинение.
Судот во Парис минатата недела одлучи наместо во САД, Брауер да го екстрадитира во Германија. Според германските медиуми, Брауер соработувал со обвинителите во Минхен во времето кога е обвинет во САД. Тој на германските истражители им обезбедил голем број докази и сведоштва за поранешни клиенти, вклучувајќи го и менаџерот на Сименс, Ханс Јоакин Кохлсдорф кој во моментов е под истрага.