Press "Enter" to skip to content

Објавена ранг листата на кандидати за членови на Антикорупциска комисија

Дваја вработени во секратеријатот на Антикорупциската комисија, двајца ревизори, двајца од локалната самоуправа и еден новинар се првите рангирани седум кандадити од страна на парламентарната комисија за селекција на кандидати за членови на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција. Прворангиран со сто бодови е Владимир Георгиев, вработен во Комисијата кој е единствен со 100 бодови. Второрангиара е неговата колешка Софка Пејовска – Дојчиновска. И двајцата  работат во службите на комисијата од нејзиното формирање па до донес. Треторангирана е ревизорка Катица Николовска, четврт е Нури Бајрами, вработен во општина Гостивар, петта е Билјана Ивановска, исто така ревизорка, шести е новинарот Горан Трпеновски од  новинскиот портал „Сакам да кажам“ и седми е Шемши Салаи од општина Врапчиште.

Комисијата која ги селектираше најдобрите, односно ги рангираше кандидатите има мандат само на Комисија за верификација. Тие заедно со претставници на граѓанскиот сектор и медиумите во изминатите пет дена вршеа проверки и интервјуа на кандидатите. Вкупно 57 кандидати беа предмет на полчасовни интервјуа во парламентот кои почнаа во неделата наутро, а завршија вчера во вечерните часови. Но, кандидатите треба да поминат уште еден филтер утре во 11 часот на Комисијата за избори и именувања. Тие можат, но и не мораат да ги прифатат седумте најдобро рангирани.

До утре пред пладне собраниската Комисија за избори и именувања треба да одлучи кои ќе бидат седумте антикорупционери од интервјуираните 57. Потоа пратениците на пленарна седница ќе треба да ги изгласаат.

 

Комисијата за селекција на кандидатите за претседател и за членови на Државна комисија за спречување на корупцијата ја составува пратениците Мухамед Зекири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илијоски од ВМРО – ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, а Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор. Учесници во интервјуата  беа  и претставници на медиумските и граѓанските здруженија.

(Насловна Фотогафија: Горан Трпеноски на интервју пред Комисијата за селекција, права на ИРЛ)

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »